И официјално Lamborghini Revuelto

Lamborghini денеска и официјално го претстави наследникот на Aventador наречен Revuelto, кој досега на јавноста и беше познат под кодното име LB744…

Неговиот plug-in хибриден погонски систем се состои од 6,5-литарски V12 бензински мотор, потоа нов осумстепен менувач со двојна спојка, литиум-јонска батерија и три електрични мотори, со комбинирана моќност од 747 kW/1015 КС.

Опишан од Lamborghini како неговото прво „електрифицирано возило со високи перформанси“, Revuleto беше претставено како дел од прославата на 60-годишнината, заменувајќи го Aventador и оддавајќи почит на наследството на компанијата од супер автомобили со V12 погон.

Природно аспирираниот (атмосферскиот) 6,5-литарски V12 е „значително преработен“ со зголемена моќност и помала тежина во споредба со неговиот претходник.

Како резултат на тоа, V12 произведува 607 kW/825 КС при 9250 вртежи во минута и 725 Nm максимален вртежен момент при 6750 вртежи во минута, што го прави најмоќниот мотор со 12 цилиндри што некогаш ја напуштил фабриката на Lamborghini.

Споредбено земено моторот е за 41 kW/55 КС помоќен од Lamborghini Aventador SVJ и тежи 218 kg, што е за 17 kg помалку од појдовниот агрегат.

Моторот со внатрешно согорување сè уште е централно поставен, но се ротира за 180 степени.

Работи заедно со три електрични мотори – два на предната оска и еден на задната страна на супер автомобилот, кој е поставен над нов осум (8) степен менувач со двојна спојка.

Додека V12 ја насочува својата моќ кон задните тркала, електричните мотори го прават супер  автомобил со погон на сите тркала со софистицирани способности за векторирање на вртежниот момент, а исто така ги придвижува сите четири тркала во EV режим.

Секој електромотор има  на располагање моќ од 110 kW/150 КС и тежи само 18,5 кг.

Секоја од предните единици придонесува со 350 Nm максимален вртежен момент на предната оска, додека задниот електричен мотор генерира до 150 Nm максимален вртежен момент.

Комбинираната моќност на plug-in хибридната инсталација изнесува 747 kW/1015 КС, што за прв пат досега го подигна водечкиот сериски модел на Lamborghini на територија со четири цифри.

Литиум-јонската батерија е со капацитет од 3,8 kWh, а полнењето на истата трае 30 минути од надворешен извор на енергија (7 kW),додека истото може да се заврши и за само шест минути од V12 моторот.

Супер спортскиот хибриден автомобил можно е да се вози и само на струја, иако дестинацијата не е кој знае колкава, само околу 10 км.

Батеријата може да се полни и со енергија од регенеративниот систем за сопирање на предните тркала.

Експертите од Lamborghini истакнуваат дека вкупните емисии на CO2 се намалени за околу 30% во споредба со не електрифицираниот Aventador Ultimae.

Друга сосема нова компонента е осум-брзинскиот менувач со двојна спојка (DCT) поставен во попречната задна положба.

Тој е доста компактен, со димензии 560 mm во должина, 750 mm во ширина и 580 mm во висина.

Што е уште поважно, развиениот менувач во куќата е полесен и побрз од седум-брзинскиот DCT кој се наоѓа во Huracan, додека неговата позиција овозможува поголема пространост во кабинаата во конфигурација со две седишта, во споредба со Aventador.

За да го искористи најдоброто од горенаведеното, Lamborghini објави дека развил 13 „возачки искуства“ што може да се изберат и три сосема нови режими на возење.

Возачите можат да избираат помеѓу вообичаените хибридни поставки Recharge, Hybrid и Performance, додека друга контрола ќе овозможи избор на режими Citta, Strada, Sport и Corsa.

Режимот Citta се смета за најефикасен за гориво, користејќи ја батеријата за нула емисии во градските центри.

Во овој режим, искористувањето на огромната моќ ќе бидете ограничени на само 180 КС.

Sport режимот, од друга страна, ќе овозможи поголема моќност, со аеродинамика која е погодна за зголемена агилност.

Во режимот за полнење Recharge, V12 постојано е вклучен за да ја наполни батеријата за неколку минути, додека режимот Corsa се користи за да се потенцираат способностите на патеката и подобрените перформанси.

Со режимот Performance добивате целосни 1015 КС, а за оние кои се сметаат себеси за „експерти за возење“, постои опција целосно да го исклучат ESC.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,5 секунди, 200 km/h се постигнува за помалку од 7 секунди, додека максималната брзина е повеќе од 350 km/h.

Во кабината има три дигитални екрани, 12,3 инчи пред возачот, 8,4 инчи во средината и 9,1 инчи пред совозачот.

Lamborghini обезбеди гуми Bridgestone Potenza Sport 265/35R20 напред и 345/30R21 задни за Revuelto, но ќе биде достапна и комбинација од 265/30R21 напред и 355/25R22 назад.

Revuelto има и карбон-керамички сопирачки, со дискови со димензии пд 410x38mm и 390x32mm, а треба да се каже дека тежината на возилото (без течност) е 1772 kg.

Покрај тоа, фабриката на клиентите ќе им понуди избор од дури 400 различни бои за надворешноста и листа од 70 бои за внатрешноста.

Конечно и податокот дека, Lamborghini ќе го понуди Revuelto кон крајот на тековната 2023 година, а цената ќе биде објавена дополнително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alvar Romeo Stelvio и Giullia 2026 добиваат електрична замена

Индустрискиот подвиг на Dacia

Е-велосипед со поголем домет од некои електрични автомобили…

BMW развива електричен мотоцикл со големина на G 310

Kолку се полоши евтините од премиум гумите

Peugeot 408 на тестот за избегнување лос

Tesla најави crash test на Cybertruck

Audi Q2 станува електричен модел

Mazda се приклучува на истражувањето за горива од новата генерација