И официјално Mazda RX-Vision GT3 Concept

Најавен уште во ноември минатата 2019 година, конечно, пред нас е новиот автомобил на Mazda што е креиран за Gran Turismo Sport видео играта на Sony PlayStation 4 конзола, a истата ќе биде на пазарот понудена веќе од 25 мај тековната 2020-та…

Имено, Јапонците го прикажаа RX-Vision GT3 Concept, спортски автомобил со изглед што претставува еволуција  во дизајнот на атрактивната Mazdа RX-Vision.

Во кусото соопштение од производителот на автомобили од Хирошима нема многу технички детали за овој „жежок” спортски модел, освен дек има ротирачки мотор со моќ од 562KС како и дека масата на возилото изнесува само 1250 кг.

Покрај тоа соопштено е дека распределбата на масата е речиси идеална -52% од тежината е напред, а 48% назад.

Во секој случај од фабриката порачуваат  дека автомобилот се одликува со карактеристичниот дух на Mazdа, при што во однос на регуларната Mazdа RX-Vision добил и widebody kit (проширување на калниците, сет од прагови, заден дифузер, впечатлив заден спојлер ), пошироки траги на тркалата, нова хауба на моторот и поинакви тркала

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition