И официјално нова Honda Civic

Пред нас е новата генерација на Honda Civic, моделсла 2022 година…

Да потсетиме, како најава, Јапонците го претставија прототипот Civic Sedan во Америка во ноември 2020 година, кој сани по детали се разликуваше од овој сериски модел.

Тоа е веќе 11-та генерација на Civics, за која од Honda велат дека ќе ја зголемат границата во однос на стилот, перформансите, безбедноста и напредните технологии на пазарот на компактни возила.

Што се однесува до изгледот, Honda реши да ја омекне моменталната насока на дизајнот, додека внатрешноста е обезбедена со дигитални инструменти, 7,0-инчен или 9,0-инчен екран на допир, поквалитетни материјали, седишта од нов дизајн и аудио систем Bose со 12 звучници .

Исто така, од производителот го истакнуваат и повисокото ниво на безбедност (заедно со активната технологија Honda Sensing), како и подобрената верзија на Advanced Compatibility Engineering на Honda (ACE).

Новиот Civic е исто така поудобен од порано, со растојание помеѓу оските за 35 мм подолго.

Тука може да се наведе и податокот дека задната трага на тркалата е поширока за 13 mm.

Во гамата има два бензински мотори. Тоа се 2,0-литарски атмосферски мотор со 158 КС, како и 1,5-литарски турбо со 180 КС (обајцата засега само со менувач CVT).

Исто така, од Honda наведуваат дека потрошувачката на гориво е малку помала од порано.

На клиентите ќе им се понуди избор од вкупно осум бои на каросеријата, од кои три се сосема нови.

Новиот Civic ќе биде достапен кај американските дилери на Hondа од летото, но сè уште не е познато по кои цени.

Да потсетиме, Хонда претходно потврди дека во гамата повеќе нема да има Civica Coupe, ниту Civica со погон на сите четири тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година