И официјално новиот Ford Ranger

Долго време, Ford ја задржа актуелната генерација на Ranger на пазарот, со мали промени таа успеа да опстои  дури 11 години. …

Но, дури и на тоа дојде крајот кога конечно беше претставена новата генерација на глобален pick-up. Во однос на дизајнот, тој е значително подобрен со новите светла во форма на буквата „С“ (Ц), кои стануваат нов потпис на Ford, а пред се со модернизиран ентериер во кој доминираат два големи екрани – таблата со инструменти и мултимедијалниот систем.

Растојанието помеѓу оските е подолго за пет сантиметри, а трагата на тркалата е проширено за пет, што на возилото ќе му даде дополнителна стабилност и ќе го зголеми багажниот простор, пишуваат специјализираните портали.

Исто така Ranger доби и осветлување од 360 степени и паметна задна врата што може да служи како мобилно биро. Новиот pick-up има опционални LED матрични фарови и камера од 360 степени.

Покрај тоа Ranger поддржува ажурирања over the air ( безжично – преку воздух) и им дава на сопствениците можност да ја користат апликацијата за паметни телефони за далечинско контролирање на осветлувањето околу возилото.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу две поставки за погон на сите тркала, или електронски систем со променлив погон, или пософистициран постојан систем 4 × 4. Менувачите се рачни или со 10-брзини со автоматски систем на пренос на силата.

На различни пазари, различни мотори. Во Европа треба да се очекуваат изведба со дволитарски дизел мотори и 2,3-литарски турбо бензински, а останува да се види дали Европа ќе добие и V6 турбодизел, кој ќе се продава на пример во Австралија. Поради строгите прописи за емисија на штетни гасови, шансите за тоа се мали.

Следната генерација на Volkswagen Amarok ќе биде создадена на новата генерација на Ranger.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС