И официјално новиот Lexus NX 2022

Новиот модел на Lexus NX за 2022 година се базира на платформата на Toyota TNGA-K, има помал центар на гравитација, подобрена торзиона цврстина и 91 кг помала маса во споредба со претходникот…

Моделот за 2022 година на Lexus NX ги има следните димензии: должина / ширина / висина / меѓуоскино растојание – 4660 mm / 1865 mm / 1640 mm / 2690 mm.

Големината на тркала и гумите изнесува: 235 / 50R20 – 235 / 60R18

Достапни верзии:

– NX 250 има бензински мотор со четири цилиндри,со работен волумен од 2.5-литри, со моќност од151 kW / 206 КС и 249 Nm, со автоматски осум (8) степен пренос на силата.

Верзијата на NX 250 со погон на предните тркала од 0 до 60 милји на час (96 км / ч) забрзува за 8,2 секунди, а со опционален погон на сите четири тркала -4х4 за 8,6 секунди.

Верзијата NX 350 има 2,4-литарски турбо – полнач со четири цилиндри со 205 kW / 279кс и 430Nm, со осум степен автоматски менувач, достигнува 60 милји на час (96 км/ч) за 6,8 секунди.

– Хибридниот NX 350h комбинира 2,5-литарски со четири цилиндри бензински мотор, електромотор и погон на сите четири тркал – 4 х 4, со вкупна моќност од 178 kW / 242кс и забрзување до 60 милји на час  (96 км/ч) за само 5,7 секунди.

– Plug –in хибридна верзија  NX 450h + комбинира 2,5-литарски со четири цилиндри бензински агрегат, литиум-јонски батерии и електричен мотор, со вкупна моќност од 306 КС.

Има електричен опсег ( вози само на струја) од 58 км, погон на сите тркала и забрзување од 0 до 60 милји на час (96 км на час) за 6,0 секунди..

Полнењето на батериите трае 4,5 часа на стандарден полнач од 3,3 kW и 2,5 часа на опционален полнач од 6,6 kW.

Опремен со 7.0-инчна дигитална табла со инструменти, мултимедијален систем со 9,8-инчен екран (опционален и 14-инчен екран), безжично полнење на паметниот телефон, стандарден безбедносен систем на Lexus + 3.0, мониторинг на слепи места, опционален 10.0-инчен дисплеј за прикажување …

Во палетата на бои се вклучени Redline, Cloudburst Grey и Grecian Water, како и бои исклучиво за верзиите F Sport (Ultra White, Obsidian и Ultra Sonic Blue Mica 2.0).

Во пакетот F Sport  се вклучени: ревидирана предна решетка, поспортски браници, 20-инчни тркала од gloss black легури, активна прилагодлива суспензија, спортски седишта во двa тонa на бои, алуминиумски педали, спортски волан, Dark Graphite Aluminum детали …

Инаку Lexus NX модел за 2022 година стартува со производство во третиот квартал на тековната 2021 година, а цените за изведбите ќе бидат дополнително објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600