И официјално обновена Honda WR-V

Во ноември 2016 година, Honda го претстави crossover моделот наречен WR-V (Winsome Runabout Vehicle), изграден врз платформата на тогашната генерација на моделот Jazz, кој се продава во Јужна Америка и одредени пазари во Азија (вклучително и Индија)….

Во споредба со Hondu Jazz, креацијата WR-V се карактеризира и со зголемен клиренс ( оддалеченост на најниската точка на возилото од земјата) и дополнителни заштитни елементи.

Сега Honda India  им понуди на клиентите обновена верзија, со изменета предна маска, нови браници и LED светла, како и алуминиумски тркала со нов дизајн.

На индискиот пазар, WR-V сè уште е достапен со 1,2-литарски бензински мотор со 90КС и 110 Nm и 1,5-литарски дизел со 100КС и 200 Nm (вториот, и со шест -степен менувач).

WR-V е долг 3999 mm, широк 1734 mm, висок 1601 mm, со растојание помеѓу оските од 2555 mm, додека клиренсот изнесува 188 mm.

Опремата вклучува и влез без клуч- keyless entry, 7,0-инчен екран, темпомат, задна камера, сензори за паркирање …

Ќе бидат понудени две нивоа на опрема, а основната верзија во Индија чини (пресметана во европска валута) малку повеќе од 10.000 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler плати 1,5 милијарди долари за Регулаторот да ја запре постапката против него

Автомобилската индустрија во ЕУ произвела 2,4 милиони возила помалку

Есенски изненадувања од FIAT!

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!