И официјално подновена Mazda 2

По првите тизер слики од пред неколку дена, Mazda денеска во Јапонија и официјално ја претстави обновената верзија на четвртата генерација на Mazda 2, која се нуди со 1,5 литарски мотор…

Оваа генерација е во продажба во Јапонија од 2014 година, а во Европа се појави во 2015 година.

Како што се наведува во соопштението, обновен е надворешниот дизајн, додадени се нови бои на каросеријата, како и навлаки на тркалата со различен дизајн.

Надворешноста е лишена од непотребни елементи за да се создаде свеж и силен дизајн, некако во стилот на минимализмот, додека во внатрешноста се користат внимателно избрани материјали и бои кои комбинираат квалитет и разиграност.

Од Mazda истакнуваат дека рафинираната „двојка“ има одлична видливост и маневрирање, и е опремена со напредна безбедносна технологија (меѓу другите се стандардни MRCC – Mazda Radar Cruise Control и LAS – Lane Keep Assist System).

Во ова подобрување, концептот за развој се заснова на идејата дека „дури и во современо општество каде неизвесноста се зголемува, сакаме да ја цените вашата индивидуалност, да го проширите опсегот на активности и да уживате во секојдневниот живот со вашите пријатели“.

При промена на дизајнот на браникот и маската, додадени се нови опции и знаци на секоја верзија за корисниците лесно да избираат според нивните преференции.

Палетата вклучува и нови бои на каросеријата „Airstream Blue Metallic“ и „Aero Grey Metallic“.

Покрај тоа, контролната табла користи био-инженерска пластика, материјал направен од суровини од растителна основа, за да се постигне висококвалитетна текстура што не може да се постигне со конвенционално боење.

Има и опционална фолија на покривот (бела или црна) која може да се усогласи со бојата на ретровизорите.

Со 11 бои на каросеријата, 3 бои на таблата со инструменти и 6 бои на капакот на тркалата, можете да ја изберете вашата омилена комбинација, истакнуваат од Mazda.

Верзијата Mazda 2 Sport има и саќеста маска во црна боја, потоа сјајно црни ретровизори, проследени со опционален црн спојлер на заден покрив, како и  16-инчни алуминиумски тркала, црна внатрешност со црвени шевови и спортски седишта.

Примањето на нарачките во Јапонија се веќе започнати (цените започнуваат од 1.529.000 јапонски јени, што пресметано во европска васлута изнесува 10.806 евра).

Инаку,  првите испораки на малиот градски автомобил на јапонската марка се најавени за нешто повеќе од еден месец, поточно за март тековната 2023 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Chevrolet Aveo

Подновен Nio EC6

Светска премиера: Нов Renault Espace: Иста DNK, нова генерација

Електричен MINI Cooper SE Cabrio

Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

И официјално Ford Explorer EV

Нов Subaru Crosstrek

2023 Alfa Romeo Giulia & Stelvio

Radical SR10 XXR