И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Suzuki пред неколку дена не потсети со неколку тизер (најавни) слики и кратка објава дека ќе претстави нов модел во тековната недела, што и се случи денеска….

Ова е нова генерација на S-Cross, чиј претходник беше подложен на последниот голем редизајн во летото 2016 година.

Во секој случај, новиот модел доби помодерен надворешен дизајн (со голема маска со форма на саќе со хромирани облоги и LED светла), информативно забавен систем со екран со димензии од 7 или 9 инчи во зависност од верзијата, подобри материјали, Apple CarPlay и Android Auto , и повеќе системи за безбедност и помош на возачот (систем за предупредување за напуштање лента, препознавање сообраќајни знаци, систем за следење на мртва точка, систем за камера од 360 степени …).

Како што се очекуваше, новиот S-Cross е придвижуван од 1,4-литарски Boosterjet мотор со 48-волти благо (mild) хибридна технологија и располага со 95 kW / 129 КС и 235 Nm (со стартер генератор од 14 КС).

Понудата ќе вклучува шест (6)-брзински мануелен и шест брзински автоматски менувач, како и погон на предните тркала и опционален погон на сите тркала AllGrip.

Во однос на димензиите, новиот S-Cross е долг 4300 mm, широк 1785 mm, висок 1585 mm, а растојанието помеѓу оските изнесува 2600 mm.

Во однос на волуменот на багажникот прпоизводителот не информира дека се движи од 430 до 1230 литри со преклопување на задниот ред на седиштата. Тука трба да се спомне и фактот дека новината ќе има тркала се со големини до 17 инчи.

Во комбинација со рачен менувач и погон на предните тркала, S-Cross тежи 1180 kg.

Таквата изведба нуди солидни перформанси: Забрзување од 0 до 100 km/h за 9,5 секунди и има потрошувачка од 5,3 l/100 km (со автоматски менувач – 5,7 l/100 km).

Новиот S-Cross ќе може да се нарача од следниот месец, додека цените се уште не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022

Видео најава за редизајнираната ŠKODA KAROQ…