И официјално претставен Tesla Model Y !!!

На последниот настан во Градот на Ангелите во САД, компанијата Tesla Motors го претстави својот нов автомобил кревајќи големи бранови на автомобилското море со четири верзии со опција до седум седишта и со товарен простор со капацитет до 1860-литра…

Овој пат беше промовиран crossover возилото Model Y, односно автомобил со кој ќе се комплетира понудата на Teslа- S3XY (SEXY).

Поточно станува збор за возило базирано врз Model 3 и со него ќе споделува голем број на компоненти, во понудата на производителот ќе се позиционира веднаш под Model X.

Во Teslа очекуваат дека Model Y би можел да се продава во поголем број одошто Model 3 и Model S заедно!. Самото тоа доволно говори за важноста што му се дава на овој автомобил и колку истиот е значаен за производителот.

Инаку, Tesla ќе го понуди Model Y во четири конфигурации.

Почетната верзија – Standard Range би требало на пазарот да се појави пролетта 2021 година и со цената ќе биде најпристапен. Таа верзија на пазарот во САД би требало да се продава по цена од околу 39.000 американски долари. Но, пред да стаса Standard Range, на купувачите на располагање ќе им бидат три различни варијанти кои сите ќе бидат лансирани на пазарот во текот на есента на наредната 2020година.

Првиот модел од оваа „тројка“ e Model Y Long Range.

Како што и самото име кажува, таа варијанта на своите купувачи ќе им понуди најголема автономија, односно, нејзините корисници ќе можат да поминат 480 km со едно полнење на батериите.

За забрзување од 0 до 100 km/h ќе и требаат околу  5,5 секунди, а е постигнува топ брзина од 210 km/h.

Цената во САД за тој модел ќе се движи околу 47.000 долари.

Потоа следи  Tesla Model Y Dual Motor AWD што ќе жртвува нешто повеќе од 30 km од автономијата на возење со едно полнење на батериите за подобри перформанси.

Така оваа верзија од 0 до 100 km/h ќе забрзува за пет секунди и ќе постигнува максимална брзина од 217 km/h. Почетната цена за неа ќе изнесува околу 51.000 долари.

На крајот во понудата ќе се најде и верзијата Tesla Model Y Performance.

Благодарение на моќните електрични мотори оваа верзија ќе постигнува максимална брзина од 241 km/h, a од 0 до 100 km/h ќе забрзува за малку повеќе од 3,5 секунди.

Автономијата на оваа верзија, со едно полнење на батерии, ќе изнесува околу 450 km, a стартната цена ќе изнесува околу 60.000 долари.

Како што и можеше да се предвиди Model Y, во однос на својот надворешен дизајн ќе се огледа во својот близнак во лимузина форма на каросерија, односно на Model 3.

Тоа особено е воочливо од предната страна,  додека  страничните линии и задниот дел некако повеќе наликуваат на поголемиот crossover во понудата на Teslа, на Model X.

Внатрешноста на Model Y нуди опција на можност за сместување  до седум патници и кога станува збор за предната арматура и кокпитот, го прифаќа истиот минималистички дизајн на Model 3.

Помеѓу клучните карактеристики на внатрешноста се панорамски покрив, централен екран, чувствителен на допир, со дијагонала од 15-инча, како центар на информативно – забавниот систем, како и до 1.860-литри товарен простор со преклопени задни седишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS