И официјално претставена новата Toyota Land Cruiser

По бројните најави и протечените фотографии, Toyota вечерва официјално го претстави новиот Land Cruiser чија продажба ќе започне во текот на летото.

Претходната генерација на серија Land Cruiser 200 беше промовирана во 2007 година и оттогаш претрпе неколку прилагодувања.

Новиот Land Cruiser (серија 300) е изграден на новата платформа GA-F (базирана на TNGA), така што ова возило сега има до 200 кг помалку тежина, помал центар на гравитација и околу 10 проценти помали емисии на CO2.

Возилото е долго 4985 мм, меѓуоскино растојание е 2850 мм, нуди малку повеќе простор за патниците во вториот и третиот ред (во зависност од пазарот, ќе бидат понудени варијанти со 5 до 8 места), помодерен ентериер, нов инфо-забавен систем и системи за безбедност и помош на возачот со долг список.

Покрај новиот дизајн на екстериерот и ентериерот, Land Crusier 300 доаѓа и со активниот безбедносен пакет Toyota Safety Sense, заедно со откривање пешаци, одржување на лентата и новиот електронски кинетички динамички систем за суспензија (E-KDSS).

Во гамата на погонски единици вклучува 3,5-литарски V6 twin-турбо бензинец со 305 kW / 415кс и вртежен момент од 650 Nm, како и 3,3-литарски V6 twin-turbo дизел со 227 kW / 309кс и 700 Nm. Сето ова со нов 10-степен автоматски менувач и погон на сите тркала.

Беше најавена и верзијата GR Sport, за која се погрижи Gazoo Racing, а која ќе се најде на пазарот кон крајот на оваа година.

Land Cruiser GR Sport ќе се одликува со префинет изглед во споредба со обичниот модел, со помош на заштита од црни калници, црни ретровизори, модифицирани браници, нови прагови, изменета решетка, тркала од црна легура, ревидирана суспензија и систем за управување, како и седишта со црвени контрастни шевови и лого GR на потпирачите за глава.

Конечно, потсетување дека Land Cruiser се нуди на клиенти на околу 170 пазари ширум светот. Продажбата на тој познат теренски модел надмина 10,4 милиони единици, сметано од првата генерација што започна на 1 август 1951 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Dacia Logan Caravn на рендери

Subaru Forester facelift

Почна производството на  Citroen C5X

Новиот KIA Sportage во црна боја изгледа ко да е од друга планета!

И официјално новиот Lexus NX 2022

Најавен нов Maserati GranTurismo

Најавен нов Audi RS3

Nissan Z

Официјално Volkswagen Multivan T7