И Porsche Cayenne преминува на струја!

Новиот Macan не е единствениот модел што во скора иднина ќе помине на сосема електричен погонски систем, следи офанизва што го опфаќа и глобално популарниот SUV…

Ако му се верува на портпаролот на Porsche, моделот Cayenne е следниот од гамата на спортската премиум марка од Цуфенхаузен што би можел да премине на целосно електричен погон, пишуваат во британскиот портал AutoExpress.

Одлуката се уште не е конечно донесена , но расправаме за иднината на секој модел затоа што на бројни пазари купувачите бараат електрични автомобили “, објаснил претставникот на Porsche.

Кога во не така далечната 2002 година Porsche го претстави оригиналниот Cayenne многумина веруваа дека е тоа грешка што Porsche скапо ќе ја плати. Денес тоа е модел во трета генерација и еден од носителите на глобалниот успех на престижната марка.

Ако навистина се префрли на електричен погон најверојатно и ќе остане носител на успехот на брендот.

Потсетуваме, до тогаш на автомобилската сцена ќе стасаат и Taycan, но и неговото Cross Turismo издание, потоа уште еден SUV за кој во Porsche веруваат дека ќе донесе „дебел“ профит!.

Но, во моментов еден друг модел е во фокусот на вниманието.

Од Porsche го лансираа Cayenne Coupe, динамична форма на популарниот  SUV, што се нуди со моќни бензински мотори и со уште помоќна харизма.

А се е по цена над ривалите од рангот на BMW X6, Mercedes GLE Coupe и Audi Q8.!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците во автомобили од пониска класа во сообраќајки гинат двојно повеќе од тие во повисока!

Renault и официјално доби државен заем, но останатите кармејкери од Франција не реагираат!

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува