И Porsche мамел на екотест-Elfer од 2016 и 2017 „чадел“ повеќе CO2 од нормата

Неопходните доградби на издувниот систем на Porschea 911 (991), во вредност од 5000 евра по автомобил за катализатор, филтер за чад… ќе се прави бесплатно во овластени сервиси

Сега испаѓа дека во однос на емисијата на CO2, што директно е во врска со потрошувачката на гориво, мамеле сите.

Последен пример е до неодамна актуелниот Porsche911, серија 991, за неговите единици произведени во период од 2016-та до 2017 година  (инаку таа серија се произведувала од 2012, до 2018 година)

Како што јавува Уредот за моторни возила на Германија KBA (Kraftfahrt-Bundes) регистрирано е поголемо количество  на CO2 од пропишаното.

Засега не е акцентирано колкаво е спомнатото пречекорување во однос на дозволеното, но во извештајот се наведува, дека ќе бидат информирани и американските ресорни институции EPA и CARB , бидејќи половината од вкупната продукција на 911-та е пласирана на пазарот во САД.

Оливер Блум (Oliver Blume), шефот на компанијата од Цуфенхаузен (Zuffenhausen), веќе контактирал со Андреас Шеуер (Andreas Scheuer), сојузниот министер за сообраќај на Германија и го информирал за преземените мерки.

Станува збор за неопходни доработки на издувните системи кај овие автомобили (Porsche 911  серија 991), во вредност од 5000 евра по автомобил а се однесува на катализаторите, филтер за чад

Преправките, бесплатно ќе бидат направени во овластените сервиси на Porsche.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Audi e-Tron GTR – наследник на супер спортистот R8

PSA го префрла производството на Opel Astra од Британија во Германија!

Ford Mustang најпродаван coupe на светот четврта година по ред!

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!