И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept

Компанијата Sony ги објави своите планови за влез на автомобилскиот пазар, а потврда за тоа е уште еден електричен автомобил претставен, деновиве, на саемот CES во Лас Вегас.

Електронскиот гигант Sony го претстави електричниот седан Vision-S уште во 2020 година заедно со својата технологија за автономно возење и системи за забава, а една година подоцна започна со тестирање на прототип легален за патишта.

Сепак, и тогаш сите предвидуваа дека наскоро ќе пристигне продукциската верзија.

Како и да е, сега Sony лансира нова компанија, Sony Mobility Inc., која ќе заживее на пролет оваа година, што ќе претставува влез на јапонската компанија на пазарот на електрични автомобили.

Благодарение на оваа објава, вредноста на акциите на Sony порасна за повеќе од 4,5 отсто.

Бизнис моделот на јапонскиот гигант се развива врз основа на сопствен систем со вештачка интелигенција и роботика, кои „ќе му покажат на светот дека можеме да живееме во хармонија со роботите“.

Дел од оваа експанзија во секторот за мобилност е концептниот SUV наречен Vision-S 02.

Станува збор за нов електричен автомобил со седум седишта, кој ја користи истата платформа и технологија на производство како и претходниот седан, а се придвижува од два мотори со 268 КС поставени на двете оски.

Од Sony не објави податоци за перформансите на електричниот SUV, но познато е дека тој ќе може да достигне брзина поголема од 180 km/h. Засега не се знае каква батерија ќе има.

Во однос на димензиите, ќе биде долг 4.895, широк 1.930 и висок 1.651 mm, што значи дека приближно ќе одговара на димензиите на crossover моделот  Tesla Model Y.

Sony има вградено звучници во автомобилските седишта кои создаваат 3D аудио искуство, така што патниците ќе имаат чувство дека се на концерт на нивниот омилен изведувач.

Панорамски информативно забавни интерфејс и посебни задни екрани може да се користат за гледање разновидна содржина и играње игри преку далечинско поврзување со конзолата на Sony PlayStation.

Инаку, Sony не е првата технолошка компанија која е заинтересирана за автомобилскиот пазар, бидејќи Apple е на него најмалку од 2014 година.

Исто така и Google развива софтвер за инфозабава за производителите на автомобили како што се Ford и Volvo, а LG и Panasonic се меѓу добавувачите на батерии за автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

Новиот Fiat 500 на CES 2022