И Tesla најавува помал попристапен автомобил- Tesla Model 2

Основачот и директор на Tesla, Илон Маск смета дека автомобилите што ги произведува не се доволно прифатливи (ценовно), а тој исто така, навести пристигнување на ново компактно електрично возило…

Model 3 чини најмалку 37.990 американски долари во САД, а Илон Маск (Elon Musk) верува дека компанијата има потреба од уште поевтин модел.

„Важно е автомобилот да е достапен. Ме вознемирува што нашите автомобили не се доволно достапни, ние мора да го решиме тоа“, истакна Маск.

Тој не зборуваше за тоа кога новиот модел ќе се појави на пазарот, но се верува дека тој ќе биде помал од Model 3 и дека можеби воопшто нема да се произведува во САД или Кина.

Претходно, Маск зборуваше на Twitter за „помалиот hatchback во европски стил“ и дека би било добро да се „дизајнира и развива во Германија“.

Со оглед на тоа дека би бил наменет за европскиот пазар, автомобилот навистина би можел да се произведува во новата фабрика на Теsla во Германија.

Ако проектот добие „зелено светло“, автомобилот би можел да се нарече Tesla Model 2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент