И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Сопствениците на моделот Tesla сега ќе се имаат можност да ги покријат со фолии, да ги затемни и да направат уште многу што со своите електрични миленици на четири тркала…

Илон Маск вели дека сфатил дека сопствениците на неговите автомобили мора да имаат можност да ги направат своите возила уникатни и да ги уредат како што сакаат.

Затоа одлучил да основа нова филијала на компанијата Tesla, која ќе се занимава само со тјунинг – подесување на постоечките модели на Tesla.

Засега, оваа компанија е најавена само во Кина и ќе биде во активност од следната 2021 година, и ако настапи добро на кинескиот пазар, тогаш следната филијала, може да ја очекуваме во Америка.

Оваа компанија првенствено ќе обезбедува услуги на лепење фолија, каде што сите сопственици на модели Tesla ќе можат да ја променат бојата и изгледот на своето возило.

Тие исто така таму ќе можат да ги облепат  тркалата, да изберат нови модели на тркала и да ги затемнат прозорците, а ќе се прават и промени на каросеријата.

Ова изгледа многу интересно, така што со нетрпение чекаме да видиме како ќе изгледаат возилата Tesla (тјунирани) во иднина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro