И тоа се случува и Rolls Royce отповикува свои автомобили!!!!

Откажувањето е поврзано со дефект кој најмногу ќе му пречи на сопственикот (возачот)…

Имено, како што е соопштено од американската NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration), во одредени услови, екранот на информативно забавниот систем кај ултра луксузните автомобили нема да ја проектира сликата од задната камера.

Во извештајот што го изготви овој орган на Бладфата на САД задолжен за безбедност на патишта, се вели дека кога возилото е отклучено, или вратата на возачот е отворена, постои можност механизмот на централниот екран, поточно, централен информативен дисплеј (Central Information Display – CID) да не ја извршува правилно својата функција.

Како резултат на тоа е неправилната положба на екранот, па сликата нема да биде видлива, така што и системската помош при паркирањето ќе биде бескорисна.

Според специјализираните портали, причината за проблемот е неисправниот софтвер, па едно ажурирање, како што велат, ќе биде доволно за да се реши проблемот.

Сопствениците ќе бидат известени и повикани на сервисот бидејќи моделите Phantom немаат OTA конекција.

Дотогаш, возачот ќе мора да се потпре на сензори и звучни сигнали кои ќе му овозможат безбедно да го паркира овој голем автомобил без гребнатини.

Повлекувањето опфати 442 автомобили Rolls Royce произведени од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили