И Toyota Corolla во GR издание!

Неодамна претставениот жежок хечбек на Toyota моделот GR Yaris веднаш ги освои симпатиите и нанижа бројни позитивни критики, a истото се очекува и за идната спортска GR Corolla…

Како и за GR Yaris и за GR Corolla ќе се погрижи Gazoo Racing, но као што нештата вo моментот се поставени таквата Corolla, според пишувањата на специјализираните медиуми од Велика Британија , не би требало да се појави пред моделска 2023 година (барем кога е во прашање британскиот автомобилски пазар).

Се знае дека GR Corolla ќе го добие истиот 1,6-литарски турбо бензински мотор, со три цилиндри каков има и GR Yaris, но отворено останува прашањето со колкава сила ќе располага таа машина имплементирана во Corollа .

Инаку, и во овој случај агрегатот ќе доаѓа во комбинација со шест степен мануелен систем за пренос на силата.

Исто така, Toyota GR Corollа ќе биде опремена и со aero body kit (тоа подразбира проширување на калници-те, изменети одбојници, заден дифузор, како и спојлер на крајот на покривот...), тука се и сет на нови тркала од алуминиум, потоа модифицирано потпирање, поширока трага на тркалата, помоќни сопирачки за подобро кротење на спортскиот компактен хечбек…

Исто така и спортски издувен систем со две издувни цевки , како и дотерана внатрешност со спортски обликувани седишта (школки), со кожа обложено тркало на управувачот и секако сет на спортски профилирани педали од алуминиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

BMW 128ti новиот жежок хечбек на Баварците

DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Nissan го претстави новиот Z Proto

Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Новата Mercedes C Class може да и зададе многу грижи на баварската Series 3