И Toyota со мал SUV базиран врз Yaris

Од Toyota ja продолжуваат офанзивата на модел: новиот Yaris го претставија во средината на октомври минатата 2019 година (долг 3940 mm изграден околу  TNGA платформата и тоа на нејзината најмала варијанта GA-B), a за неколку дена ќе биде покажан и спортсиот со три врати GR Yaris креиран од Gazoo Racing…

Но тоа не е се бидејќи се планира и SUV верзија на  новиот Yaris со што Toyota ќе се позиционира и во сегментот каде се Nissanu Juke и Renaultu Captur.

Тоа значи дека автомобилот е малку подолг од четири метри, повисок од Yaris за 40-на mm и со благо продолжено растојание помеѓу оските за да понуди повеќе простор за патниците на задните седишта.

За внатрешноста се предвидува голем централен екран чувствителен на допир, head-up дисплеј, како и Apple CarPlay и Android Auto.

Засега не е познато името на новиот crossover на Toyotа, но се знае дека неговата премиера се очекува кон рајот на тековната 2020 година.

И овој SUV секако ќе биде изграден  врз истата платформа како и новиот Yaris, a останува да почекаме и да видиме дали во понудата ќе има и 4×4 погон на сите тркала.

Исто така, од Toyota се очекува дека во SUV верзијата нема да иде понуден основниот агрегат, бензински мото со три цилиндри , со работен волумен од 1,0-литри, туку стартот би бил со бензински мотор, со четири цилиндри, работен волумен од 1,5-литри, а ќе има и хибридна изведба со истиот бензински мотор и комбинирана моќ од 115KS.

Но, да почекаме бидејќи со наближувањето на промоцијата ќе следуваат и нови детали за малиот SUV на Toyota.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата генерација на Ford Mondeo пристигнува 2021

Карлос Гон Nissan ќе банкротира за две до три години!

Голем трансфер во автомобилската индустрија: Шефот на SEAT на чело на Renault!

Брисел Осло и Париз ги протераа автомобилите од центар на градот

Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер HYUNDAI  во Македонијa

Tesla Model Y кон крајот на годинава

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра