И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Новиот “ровер” на Toyota ќе биде контролиран од вселенскиот екипаж, а не на далечинско од вселенските центири на Земјата и ќе користи водородна технологија…

Toyota и Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA) ги завршија преговорите и потпишаа тригодишен договор за продолжување на развојот на создавање на лунарно возило за  движење по Месечината.

Возилото како погон ќе ја користи технологијата на горивните ќелии, односно водородот, a финалните подготовки и спецификации за вселенското возило треба да се комплетираат до крајот на 2019 година, додека  производството на потребните компоненти ќе започне во 2020 и  тестирањето на деловите треба да биде 2021.

Според прелиминарните параметри, лунарниот ровер ќе биде долг 6 метри, висок 5,2 метри и 3,8 метри широк.

Внатрешноста ќе доаѓа со капацитет од 13 кубни метри, со што ќе овозможи доволно простор за функционалност на двајца астронаути. Во прилог на погон на горивни ќелии, ќе има соларна ќелија за полнење на батериите.

Кабината ќе биде со регулиран воздушен притисок, што значи дека нема потреба од носење на астронаутските одела во возилото.

JAXA сака астронаутите да можат да работат од роверот во времетраење од шест, а возилото да може да покрие 1.000 km .

Прототип требада е комплетиран до 2020 година, за да може производната верзија да се изработи и да се вклопи во ракетата до 2027 година, а доколку роверот стигне на Месечината, JAXA има намера да го користи за истражување на поларните региони во што спаѓа и испитување на замрзната вода во таа област.

Но повеќе од зборовите говори видео записот и затоа погледнете го:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Вгодина пристигнува фантастичниот Nissan GT-R50 Italdesign !

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!