И Tucson во N performance дивизијата  на Hyundai

Спортската поделба на корејскиот производител Hyundai работи на спортска верзија на Tucson.

перформанс семејството N на Кореанците полека се зголемува а последната изведба ќе биде доатеоен конкурент на Audi SQ5 или на Cupra Ateca ,така пишува Auto Express.

Според информациите, идниот Tucson N ќе добие 3.3 литарски V6 мотор, чија моќност ќе изнесува околу 345 КС. што ќе му овозможи супериорни перформанси: спринт од 0 до 100 km/h за околу шест секунди.

Автомобилот ќе биде опремен со спортска суспензија и подобрена аеродинамика. а премиерата на Hyundai Tucson N е најавена за крајот на 2019 или почетокот на 2020 година, а се очекува Корејците да предложат и N-верзија на хечбекот i20.

Целта е тој да може да си конкурира со Renault Clio RS, Volkswagen Polo GTI и Ford Fiesta ST. Моделот треба да развие околу 230 или 250 КС.

Веќе е познато дека Корејците работат и на хибриден супер автомобил, што же биде лансиран под брендот Genesis и ќе се натпреварува со Ferrari и Porsche.!

Се почекува оа да биде Coupe со две седишта со бензински турбо мотор надополнет со неколку електромотори со вкупна моќност од околу 800 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претстави модерниот Baja Boot на Scuderia Cameron Glickenhaus

Претставен Bugatti Centodieci- во спомен на легендарниот EB110

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ