И за Американците бензинот станува прескап – Њујорк укинува дел од данок на фосилно гориво

Цените на фосилните горива незапирливо растат а тој глобален тренд не ја одмина ниту Америка, која до неодамна беше поштедена од драстично поскапување и се „грижеше“ за стандардот на своите граѓани…

Но, цените беснеат со месеци и сега достигнаа ниво во кое државата ќе мора да интервенира. Застапниците во Њујорк донесоа одлука за суспензија на државната такса за бензинот од 16 центи ( околу 10 денари) до крајот на оваа година.

16 центи не звучат многу затоа што националниот просек е 4,67 долари, додека во Њујорк е речиси 5 долари за галон (околу 3,8 литри).

Тоа не звучи како голема заштеда, но тоа е само почеток во напорите на локалните власти да го спречат растот на цените на горивото што е можно повеќе.

На пример, окрузите Сафолк (Suffolk) и Насау (Nassau) го ограничија данокот на гас на 3 долари, не оставајќи данок на преостанатиот износ на цените на горивото.

CBSNews известува дека округот Рокланд (Rockland) го ограничи данокот на само 2 долари, додека во Мериленд (Maryland) пак, данокот беше суспендиран на еден месец, што резултираше со значително пониски цени на горивото.

Даночните намалувања и укинувања на крајот ќе ја чинат државата стотици милиони долари.

Мериленд проценува дека ќе изгуби околу 100 милиони долари, Конектикат (Connecticut) 90 милиони долари, а властите на Флорида (Florida) очекуваат минус од 200 милиони долари.

Сепак, Њујорк (New York) најмногу ќе загуби, дури 585 милиони долари, според гувернерката Кети Хочул (Kathy Hochul).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По кинеската и полицијата во Берлин со право во грижа поради Tesla камерите

JAGUAR  – Преминува од 3- годишна на 5- годишна гаранција

Шефот на Tesla: Финализиран дизајнот на серискиот Cybertruck

Наскоро обновен DS Crossback

Отповик за 61,000 возила на BMW

Марко Блажевски освои подиум на Twingo EUROCUP 2022 на реномираната патека  RED BULL RING

Twingo Cup викендов се вози во Австрија

Tesla ги запре нарачките од Европа и Кина за pick up моделот Cybertruck

Corvette Z06 70th Anniversary Edition како Pace Car на овогодинешниот Индијанaполис 500