IAA 2019 Frankfurt: Новиот Hyundai i10 и Concept 45!

Во Франкфурт глобална промоција имаше трета генерација на најмалиот модел на Hyundai, Лилипутанецот  i10, а големо внимание привлече и футуристичкиот концепт сo лизгачки врати што се отвараат една наспроти друга „45“…

Досегашната втора генерација на Hyundai 10 се појави на крајот на 2013 година (во текот на 2016 доживеа помало разубавување), а сега на салонот глобално деби на јавната сцена имаше третата генерација

Очекувано автомобилот има преден дел по урнек на поголемите модели на марката, при што најмногу се истакнува маската во форма на саќе и новите светла (LED дневни – тркалезни).

Производителот на автомобили од Јужна Кореја потенцира дека нивниот новитет нуди нов дизајн и на надвоешноста но и на внатрешноста, како и нови можности на поврзување што ќе го направат лидер во неговата класа .

Тука е имногу помодерната внатрешност, во која е и унапредениот информативно забавен систем со 8.0-инча голем екран чувствителен на допир.

Дел од опремата е и задната камера , безжично полнење на паметен телефон, Apple CarPlay и Android Auto, како и бројни безбедносни и системи за помош во возењето (систем на автоматско кочење, детекција на пешаци, систем за предупредување на напуштање на лентата по која возите…).

Внатрешноста е попространа во споредба со претходникот бидејќи растојанието помеѓу оските е продолжено за 40 mm во однос на претходната генерација, a покрај тоа автомобилот е поширок за 20 mm.

Тука треба да се наведе и податокот дека зафатнината на багажникот е 252L во основа.

Во понуда кај двигателите, на почетокот  ќе бидат два бензински агрегати.

 

Првиот со работен волумен од 1,0-литри, со три цилиндри, со моќност од 67KS и 96 Nm  вртежен момент (во комбинација со пет степен мануелен менувач на брзини и роботизиран менувач со ист број на степени на пренос на силата).

Додека вториот е бензинец со четири цилиндри, со работен волумен од 1,2 –литри што испорачува моќност од 84KS и вртежен момент од 118 Nm.

Исто така, нешто подоцна, купувачите ќе можат да изберат и LPG верзија.

 

Како што работите засега стојат новиот Hyundai i10 во продажба на пазарите ширум Стариот континет ќе се појави веќе на почетокот на наредната 2020 година.

Hyundai i10 N Line е четврт модел на специјалното семејство N Line на марката и неговото сериско производсвто го најавија за следната година. i10 N Line дебитира со специјално модифициран еднолитарски Т-GDi трицилиндричен мотор со максимална моќност од 100 КЅ и максимален вртежен момент од 172 Nm.

Покрај овој новитет на штандот го видовме и Hyundai Concept 45. Овој концепт е инспирација од Pony Coupe Concept што се појави во далечната 1974 година.

Кај овој предлог Hyundai ја наговестија најновата технологија на надворешните светлосни групи преку напредната архитектура, а во внатрешноста, брендот ќе се обиде да создаде емоционална конекција со корисникот.

Името 45 ги означува годините од идејата за Pony Coupe Concept, а воедно и аголот од 45 степени на повеќе детали кои ги гледаме на надворешноста на моделот. Тоа е електричен концепт на брендот кој кориси 800 ватна технлогија.

Со ова како и останатите брендови, Hyundai ја најавува електричната технологија која ќе се користи од страна на компанијата во своите идни модели..

Покрај тоа новиот концепт го оживува forward – driven дизајнот, а се истражува еволуцијата на Sensuous Sportiness.

Senzuous претставува засилени емотивни доживувања, што клиентот може да ги почувствува додека ужива во дизајнот на возилото.

 

Sportiness e решеност тоа доживување да се имплементира низ иновативни решенија за зголемување на мобилноста на возилата.

Во Hyundai работат на тоа во иднина на клиентите да им понудат иновација во естетски, технолошки и во интеграција на  lifestyle апликации, за да го илустрира Style Set Free.

Помеѓу другото Hyundai 45 Concept има и Camera Monitoring System (во основа систем што ги заменува класичните странични ретровизори со мали камери), како и внатрешност инспирирана во светот на дизајн на мебел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продажбата во Европа бележи пад

Свечено доделена ATV Honda TRX 500 FM на Томе Николовски

Нов производ на Volvo Cars Macedonia

Во Токио Mitsubishi со нов SUV концепт

Од Ford најавуваат и други модели на МЕВ платформата

Почна производството на хибридната Škoda Superb iV

Маскираниот VW ID.4 „уловен“ на тестирање

Германците планираат милон полначи за EV

Четврт век на KIA Sportage , пионер во класата и омилен кај нас