IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept

Кинескиот бренд Wey (подбренд на компанијата Great Wall) на салонот за втомобили во Франкфурт изложи неколку свои концептни возила што го привлекоа внимението на новинарите и на јавноста…

Првиот од нив е Wey-S concept што ја најавива наредната генерација на моделот VV5, при што се одликува со „ динамичен и модерен дизајн“ по вкусот пред се на младите купувачи и на тие што така се чувствуваат.

Овој електричен crossover со 4×4 погон располага со моќ од  354KS, а од 0 до 100 km/h забрзува за 4,9 секунди.

Исто така неговата автономија со едно полнење на батериите изнесува околу 400 km.

Атрактивниот Wey-S concept назад има и така наречена врата за само убиство (задните врати се отвараат во спротивна насока од предните), тука се и големите алуминиумски тркала од 21 инча, потоа LED светлата, видео камерите, панорамски стаклен покрив, дигитална инструмент табла, контрола со гестови како и систем на препознавања на лица и систем за автономно возење од Ниво 4.

Покрај е изложен и  Wey-X concept, уште една електрична студија на Кинезите, што доаѓа со систем на автономно возење од Ниво 5.

Се спомнуваат и дигитални инструменти, систем за препонавање на лица, панорамски покрив, задни врата за самоубиство, внатрешност за четири патници, минималистички управувач, централна конзола со интегриран екран...

Во однос на перформансите фабриката наведува дека Wey-X concept од 0 до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди, постигнува максимална брзина од 200 km/h и има автономија на возење со едно полнење на батериите од околу 510 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek