IAA Framkfurt 2019 Abarth 595 Pista мали промени големи подобрувања

Со 165 KS, спринт до 100 km/h за 7,1 секунди и максимална брзина од 218 km/h, има врвна стабилност обезбедена со Koni амортизери што се регулираат, a возбудливиот звук од ауспухот е дело на Record Monza Active издувниот систем…

Автомобилот Abarth 595, спортска верзија на Fiat 500, е достапен од август 2012 година.

Атрактивниот „тркач“ во мини пакување под хаубата има имплементиран мотор со четири цилиндри, турбо бензинец со работен волумен од 1368 кубни сантиметри -1.4 T-JET, што доаѓа во верзии на моќност од 140, до 180 KS -Competizione.

На салонпот за автомобили  IAA 2019 во Франкфурт е претставена новата верзија Abarth 595 Pista.

Прв таков модел е воведен во 2017 година, a сега е унапреден, за да во познатото издание стане уште поубедлив и секако повозбудлив за возење…

Најважната измена е направена на агрегатот каде компресијата е намалена од 9,8:1 на 9:1, што обезбеди работен вртежен момент од 230 Nm што се постигнува веќе при 2250 в/мин.

Тоа нуди посупериорни перформанси: забрзување од о до 100 km/h за 7,1 секунди и максимална брзина од 218 km/h при што е обезбедена и завидна елеастичност.

Роботизираниот менувач на брзини со пет степени на пренос на силата и можност за менување мануелно со лостови поставени зад управувачот овозможува забрзување, во петиот степен на пренос, од 80 до 120 km/h, за 7,8 секунди.

Тоа на сопственикот му овозможува динамично возење и без чести шалтања со менувачот (лостовите).

За безбедно кротење на големата моќ овој градски тркач е опремен со дискови со дијаметар од  284 mm напред  240 mm назад.

Ултра спортската изведба е облагородена и со информативно забавен систем со Apple CarPlay и Google Android AutoTM апликации со UconnectTM со кој се ракува преку седум (7) инчен екран на допир со HD резолуција, што е дел од неговата стандардна опрема.

За изгледот само воздишки од вљубениците на спортските брмчалки со врвна управливост…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept