IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

Атрактивниот crossover B-сегментот на Французите ги има сите адути за повторно да биде продажен хит и заедно со новата генерација на Clio, производителот од Франција Renault со право се надева на убав период во иднина…

Тјери Болор (Thierry Bolloré), главниот директор на Групата Renault, и Лаурен ван ден Акер (Laurens van den Acker), извршен потпретседател на одделот за дизајн, деновиве на Салонот за автомобили во Франкфурт го претставија новиот Renault Captur, најновата изведба на најпродаваниот градски  SUV,  што е пласиран во повеќе од 1,5 милиони примероци во 90 држави ширум светот.

Најпродаваниот автомобил во сегментот и тоа веќе седум години – Renault Captur, потполно е обновен и сеге е уште посигурен, поадаптибилен, со повеќе опции за персонализација и сето тоа во никогаш попривлечна руба!

Сите тие карактеристики се темел на неговите глобални амбиции, а особено се големи амбициите на најголемиот пазар во светот – Кина.

„ За развој на новиот Captur, како почетна точка земавме се што е најдобро и сите најценети карактеристики од претходната генерација и истите ги кренавме на повисоко рамниште. Направивме револуција во внатрешноста (исто како и кај новата генерација на Clio, наша забелешка), ја преобликувавме каросеријата и го направивме Captur уште поприлагодлив.   

     

Квалитетот на животот во автомобилот за Renault e апсолутен приоритет. Поквалитетен, понапреден, поцелосен SUV: новиот Captur e 100 % Captur, и уште многу повеќе“. – истакнал Лаурен ван ден Акер , потпретседател на одделот за дизајн.

Втората генерација, конструирана врз новата модуларна платформа на Алијансата, е соодветна по прашањето за мобилност и нуди понапредни технолошки решенија во поглед на:

конекцијата:  Renault EASY CONNECT, со пратечките поврзани услуги и новиот мултимедијален систем EASY LINK

помош во возењето: систем за помош во возењето на автопат, во сообраќаен метеж (SAE второ ниво)

електрификација: со погонот  E-TECH Plug-in.

„ Од наредната 2020 година  новиот Captur ќе биде прв автомобил во класата што ќе биде достапен со plug-in хибриден агрегат. 

Развивме единствен систем на пренос прилагоден на потребите на хибридните агрегати и го ставивме во комбимација со системот  за управување на енергијата што е преземен директно од Formulа 1.

Во Renault тежнееме технологиите и иновациите да ги направиме достапни на широк круг купувачи.

Тоа е нашата приказна. Тоа е и нашата иднина“- констатирал Тиери Болор, главниот директор на Групата  Renault.

Со Captur, компанијата Renault со право очекува светла и профитабилна иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8