IAA Frankfurt 2019 Претставување – Новиот Land Rover Defender!

Салонот за автомобили во Франкфурт беше голема сцена на која пред глобалната јавност дебитираше новата генерација на легендарниот британски „теренец“ – што е неспоредлив, несопирлив, вистинска икона што е повторно создадена за 21 век…

– Дизајниран со цел, проектиран да возбудува: Се истакнува со своите способност и карактер, а неговата впечатлива силуета ги нагласува препознатливите елементи за Defender меѓу коишто се кратките препусти, преден и заден.

– Експерт од светска класа за теренско и друмско возење: Неговата способност за движење по секаков терен е несомнена. Стабилен на секаква подлога и со врвен комфор што гарантира уживање при долгите патувања.

– Изгледа силен каков што и навистина е: Трајна, нова D7х конструкција на каросеријата што е проектирана да го издржи тестот за екстремен настан којшто е над границите на нормалниот стандард за SUV и патнички автомобили.

– Технологија за 21 век: Првпат се појавува новиот систем за информации и забава Pivi Pro, којшто се карактеризира со поинтуитивен интерфејс, додека функцијата Software-Over-The-Air updates постојано го обезбедува најновиот софтвер, насекаде во светот.

– Запознајте ја фамилијата: На Defender 110 којшто е достапен со 5+2 седишта во четири посебни пакети со додатоци (Explorer, Adventure, Country и Urban) со 170 поединечни додатоци, ќе му се придружат помалиот Defender 90 и сестраните и трајни модели на комерцијални возила.

– Ефикасноста му е во срцето: Во Defender се воведуваат електрифицирани погонски системи со напредните опции за делумно хибридно и плаг-ин електрично возило, како и моќните и ефикасни бензински и дизел мотори.

Модерна внатрешност: Функционалната, трајна и флексибилна внатрешност има уникатна изведба со откриени делови од конструкцијата на каросеријата и централно поставено предно дополнително седиште – совршено за споделување на авантурите со семејството.

– Интелигентна техника за теренско возење: Пионерската технологија на Land Rover за теренско возење Теренска реакција 2 сега е подобрена со новата програма Минување низ вода (Wade), додека технологијата Теренска реакција којашто може да се конфигурира му овозможува на возачот попрецизно да ги дотера поставките.

Спремен за експедиција: Максимален корисен товар од 900kg, носивост на покривот при статичко оптоварување 300kg, капацитет за влечење од 3720kg* и способност за минување низ вода со длабочина до 900mm, ова е комбинацијата што го прави новиот Defender врвно 4х4 возило за копнени авантури.

Создаден за големи нешта: Defender ја има внатрешната сила којашто е потребна за да се овозможат големите нешта. Шампион помеѓу оние коишто имаат храброст да понудат помош каде што другите не се осмелуваат, или не можат да одат.

Глобални партнери: Land Rover ја продолжува долгогодишната  хуманитарна соработка со Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (IFRC) со моделот Defender како основа на соработката.

-Изберете го вашиот модел: 90 commercial ќе има цена од £33.000 (плус ДДВ), 90 bodystyle од £39.970, а цената на 110 ќе почнува од £45.240 во UK. Конфигурирајте го вашиот модел на www.landrover.com/Defender.

Вторник, 10ти септември 2019, Гејдон (Gaydon) Обединетото Кралство – Ова е новиот Land Rover Defender. Икона којашто е повторно создадена за 21 век. Интелигентен, способен и безбеден за целото семејство. Категорија за себе.

Новиот Defender е направен за авантуристи во срцето и љубопитни во духот, за оние што ја знаат вредноста на сличноста и се стремат да бидат различни.

Јасно забележливата силуета е позната, но сепак нова. Изгледа силен каков што навистина и е, но е дизајниран со цел и проектиран да возбудува. Со своето легендарно име, легендарен обик и легендарни способности, Defender може да се персонализира за да им овозможи на неговите сопственици да ги искористат предностите од својот свет.

Во текот на седумте децении со пионерски иновации, Land Rover доби уникатно место во срцата на истражувачите, хуманитарните организации и фамилијата на авантуристи низ целиот свет. Докажан во најсуровите предели на планетата, новиот Defender останува доследен на своето потекло.

Со неспоредливиот луксуз и префинетост на фамилијата Range Rover и големите способности и сестраноста на Discovery SUV, новиот Defender ја заокружува династијата на Land Rover. Моделот 110 е само почеток на оваа фамилија на најспособни и најтрајни 4х4 возила во светот. Набргу ќе следи и моделот 90 со кратко меѓуоскино растојание, а два модели на практични комерцијални возила ќе ѝ се придружат на серијата во 2020 година.

Воден од страста и почитта кон оригиналот, новиот Defender нуди суштински изменето пространство од можности и напредни технологии за движење по секаков терен за да ја редефинира авантурата за 21 век. Во исто време, тој останува верен на својот пионерски дух што е белег на Land Rover веќе 71 година.

Дизајн полн со емоции

Defender е веднаш препознатлив со својата впечатлива силуета со минимални препусти, преден и заден, коишто овозможуваат одлични агли на приод и напуштање. Дизајнерите на Land Rover повторно ги осмислија познатите заштитни знаци на Defender за 21 век. Новото 4х4 возило доби решителна исправена појава и прозорци на покривот, а ги задржа крајната врата со странично отворање и надворешно монтираното резервно тркало, детали што го идентификуваа оригиналното возило.

Гери Мекгаверн (Gerry McGovern), Директор за дизајн, Land Rover, кажа: „Го создадовме Новиот Defender за да ве увериме дека е спремен за сѐ, со дизајн што е инспириран, но не изнуден, од минатото. Неговата едноставна украсна маска, софистицираните површини и командниот став ѝ даваат модерен изглед и самодоверба на целата фамилија. Во исто време, тие остануваат основните елементи по коишто Defender е толку препознатлив.“

Откриениот карактер на оригиналниот Defender беше искористен во внатрешноста каде што елементите од конструкцијата на каросеријата и споевите што вообичаено се скриени од погледите сега се откриени, со акцент на едноставноста и практичноста. Меѓу иновативните карактеристики е и рачката на менувачот којашто сега е монтирана на таблата со инструменти за да се ослободи простор за опционалното „дополнително“ предно седиште. Ова седиште овозможува три места за седење едно до друго во предниот дел како во првите модели на Land Rover.

Како резултат на тоа, Defender 110 нуди конфигурација со пет, шест или 5+2 седишта, со багажен простор зад вториот ред на седишта со волумен до 1075 литри, што се зголемува на 2380 литри кога вториот ред на седишта ќе се собори. Во Defender 90, возило со должина на компактен семеен хечбек, ќе можат да се сместат шест патници.

Атрибути што се едноставни за употреба се наоѓаат и во практичните детали и напредните технолошки иновации. Трајните гумирани подни простирки се ослободуваат од отпадоците од секојдневните авантури и уникатните експедиции и обезбедуваат чиста внатрешност. Опционалниот платнен покрив на спуштање по целата должина дава чувство на отворен простор и им овозможува на патниците од вториот ред во 110-ката да стојат кога возилото е паркирано и им нуди целосно сафари доживување*

Дефиниција за трајност

Новата наменски проектирана D7х (за екстремни услови) конструкција на каросеријата на Land Rover е 95% нова и се базира на алуминиумската монокок конструкција со мала тежина за да се создаде најкрутата конструкција на каросеријата што Land Rover ја произвел досега. Оваа конструкција е трипати покрута од традиционалната конструкција со каросерија на рамка, обезбедува совршена основа за целосно независно воздушно или потпирање со пружини и ги поддржува најновите електрифицирани погонски системи.

Новиот Defender беше подложен на повеќе од 62.000 тестови за инженерско одобрување. Конструкцијата на шасијата и каросеријата беше проектирана да го издржи тестот на Land Rover за екстремен настан – повторливи и непрекинати удари, над границите на нормалниот стандард за SUV и патнички автомобили.

Во текот на развојните тестови, прототип моделите изминаа повеќе од 1,2 милиони километри преку некои од најсуровите предели на планетата, со разлики од плус 50 степени во пустините и минус 40 степени во арктичките пространства до надморска висина од 3000 метри на Карпестите Планини во Колорадо.

Експерт од светска класа за теренско и друмско возење

Системот Теренска реакција којашто може да се конфигурира првпат се појавува и тоа во новиот Defender. Овој систем им овозможува на возачите со искуство во теренско возење прецизно да ги дотераат поединечните поставки на возилото за совршено да одговараат на условите за возење. Неискусните возачи можат да го остават системот сам автоматски да ги одреди најпогодните поставки на возилото за теренот со помош на интелигентната функција Ауто.

Новата конструкција на каросеријата обезбедува слободен простор под возилото од 291mm и геометрија за теренско возење од светска класа, што на моделот 110 му дава агли за приод, рампа и напуштање од 38, 28 и 40 степени (со теренска висина на возење), како што е наведено. Неговата способност за минување низ вода со максимална длабочина од 900mm е поддржана со новата програма Минување низ вода (Wade) во системот Теренска реакција 2 и им помага на возачите со целосна самодоверба да совладуваат водени премини со голема длабочини.

На сув терен, Land Rover ја има напредната технологија Поглед на теренот со ClearSight којашто се грижи возачите во целост да ги искористат способностите на Defender за совладување секаков терен. Ова се постигнува преку прикажување на просторот вообичаено скриен од хаубата, што се наоѓа директно пред предните тркала, на централниот екран на допир.

Како резултат на тоа, новиот Defender го редифинира пространството од можности, ги подига праговите за енергичност за теренско возење и комфор за друмско возење. Тој може да се движи низ густиот сообраќај на градските улици со истата леснотија со којашто се искачува по планинските патишта, минува преку пустините и ги издржува температурите под нулата. Неговата остра управливост нуди пријатно возење и првокласен бескраен комфор преку секаков терен.

Моќност и ефикасност

Понудените напредни бензински и чисти дизел мотори гарантираат дека Defender ја има моќта, контролата и ефикасноста за секакво опкружување, додека погонскиот систем за плаг-ин хибридното електрично возило на полнење со приклучување (PHEV) следната година ќе стане дел од понудата обезбедувајќи шанса за напредок на чисто електрични возила.

Во почеток, ќе се понудат следните бензински мотори: четирицилиндричниот P300 и моќниот шестцилиндричен P400 којшто се карактеризира со ефикасната технологија за делумно хибридно електрично возило (MHEV). Од друга страна, клиентите можат да изберат некој од двата понудени четирицилиндрични дизел мотори – D200 и моќниот D240 – двата мотори имаат потрошувачка на гориво од 7,6 l/100km (37.2mpg) и емисија на CO2 од 199g/km (NEDC еквивалент).

Иновативните инженерски решенија го поддржуваат ефикасното возење, вклучувајќи го рамниот долен дел од каросеријата којшто е инспириран од Формула 1 и ги оптимизира перформансите на аеродинамиката низ целата серија на модели.

Технологија за 21 век

Новиот Defender е технолошки напреден колку што е и траен и ви го претставува новиот систем на Jaguar Land Rover за информации и забава, Pivi Pro. Екранот на допир од следната генерација е поинтуитивен и поедноставен за користење, бара да внесете помалку команди за да се извршат функциите што често ги употребувате, а неговиот дизајн со секогаш вклучен дисплеј гарантира скоро моментална реакција.

Освен тоа, новиот Defender ја издигнува технологијата Software-Over-The-Air (SOTA) на ново ниво, со 14 поединечни модули коишто се способни за далечински прием на обновувањата на софтверот. Со преземање на податоците додека клиентите спијат во својот дом или кога се на оддалечени локации, новиот Defender ќе се подобрува со годините: бидејќи електронските обновувања се симнуваат во возилото веднаш, без доцнење, ќе нема потреба да го посетите продавачот на Land Rover.

Ник Роџерс (Nick Rogers), Извршен директор, Развој и производство, Jaguar Land Rover, кажа: „За да повторно ја создадеме иконата за 21 век ги земавме во предвид чудесните способности на Defender и минималистичката, функционална внатрешност. Новиот Defender ни даде дозвола работите да ги направиме поинаку, да ги поместиме границите и да го направиме незамисливото, а во ниеден момент да не се изгубат карактерот и автентичноста на оригиналот. Од почетокот бевме опседнати со функционалност под површината, од изборот на вистинските материјали до најсовремената поврзливост. Резултатот не е само најспособниот Land Rover што е направен досега, туку и навистина комфорно, модерно возило коешто луѓето ќе сакаат да го возат“.

Персонализиран за вашиот свет

Новиот Defender ќе биде достапен во две варијанти на каросеријата, 90 и 110. Варијантата 90 ќе има опција за најмногу шест седишта, а 110 ќе има опција за пет, шест или 5+2 седишта. Серијата модели се состои од Defender, S, SE, HSE, First Edition и врвот на серијата, Defender X, а клиентите, со помош на четири пакети со додатоци ќе имаат можност за персонализација на нивното возило на повеќе начини од кој било претходен Land Rover. Секој од пакетите Explorer, Adventure, Country и Urban му дава на Defender уникатен карактер со специјална селекција на подобрувања. Ексклузивниот модел First Edition се карактеризира со единствена спецификација и ќе биде достапен во првата година на производство.

Клиентите ќе имаат можност да изберат дури и сатенски тенок заштитен слој што ќе ја направи бојата на каросеријата уште потрајна. Одржливиот, без растворувачи и целосно рециклирачки слој ја штити бојата од разни гребнатинки при паркирање до гребнатинки при минување низ грмушки и ќе биде достапен како фабричка опција во следните бои: сребрената Indus Silver, кафената Gondwana Stone и зелената Pangea Green. Овој слој ќе обезбеди единствена, современа, завршна обработка и ќе ги штити обоените површини на Defender.

Освен со пакетите со додатоци, новиот Defender е достапен со најшироката палета од поединечни додатоци што е некогаш составена за нов Land Rover, со сите елементи од електрична макара со далечински управувачº, шатор што се поставува на покривот и водоотпорни настрешници на пумпање до поконвенционални системи на кука за влечење и багажник за покривот.

Феликс Бројтигам (Felix Bräutigam), Комерцијален директор, Jaguar Land Rover, кажа: „Новиот Defender ќе биде достапен на 128 глобални пазари и ќе ги исполни или надмине најстрогите барања за емисија на издувни гасови и безбедност во светот. Со помош на напредната технологија тој ќе понуди сила и карактер коишто можете да ги најдете само во Defender. Нашето ново 4х4 возило е создадено за авантуристи во срцето и љубопитни во духот“.

Интуитивниот он-лајн конфигуратор им овозможува на клиентите брзо и едноставно да го персонализираат Defender. За да ја изберете вашата совршена спецификација одете на: www.landrover.com/Defender.

* Само за пазарот на САД (3500kg за Обединетото Кралство, Европа и остатокот од светот)

** Платнен панорамски покрив со вовлекување е достапен од лансирање на моделот кај Defender 90. Кај Defender 110 ќе се воведе во 2020 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept