Идеја за Volkswagen ID. Buzz Pickup Truck

Volkswagen го одбележа Светскиот ден на дизајнот со објавување на рендер на кој е прикажан ID. Buzz Pickup Truck камионет…

Сепак, Германците не кажаа многу, бидејќи рендерот е проследен само со кратка забелешка: „На патот од идеја до производство, направени се многу невидени нацрт дизајни – како овој“.

ID. Buzz Pickup Truck од рендерот е базиран на ID. Buzz Concept од 2017 година и има изменет заден дел со отворен багажен простор.

Покрај тоа, ID. Buzz Pickup Truck доби и пократка задна врата, скалило во задниот браник, аеродинамички оптимизирани тркала и двобоен покрив кој има внатрешен дел што може да се отстрани.

Погонот веројатно би бил ист како ID. Buzza, што значи електричен мотор поставен одзади (со моќност од 150 kW / 204 КС и 310 Nm максимален вртежен момент), со литиум-јонски батерии со капацитет од 82 kWh.

Ваквиот Volkswagen ID. Buzz Pickup Truck е (барем засега) само идеја, но треба да се потсети дека извршниот директор на Volkswagen Group of America, Скот Кеог (Scott Keogh), неодамна потврди дека компанијата „активно размислува“ за електричниот pick up – камионет.

Иако ништо не е решено, извршниот директор рекол дека електричните камионети се „животна шанса“ бидејќи „електрификацијата ви дава момент на ресетирање“ и се чини дека клиентите се поотворени за електрични pick-up изведби, односно, инаку традиционалната клиентела од овој сегмент, што тетко менува марки (модели) бидејќи е традиционално поврзаниа за моделот ( тие што купуваат Ford F остануваат верни на него, тие што купуваат RAM  се верни на pick up креациите на RAM ….) полесно се префрлаат на нови електрични камиоенти, што се докажува со големата популарност на pic up моделот Cybertruck на Tesla, или пак тој на Rivian, што имаат огромен број на нарачки иако првиот се уште не слегол од производните ленти и не е сигурно кога тоа ќе се случи, барем во догледно време..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“