Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

По објавеното спојување на основа 50: 50%  на Групациите PSA и FCA се појавија многу верзии за иднината на една угледна спортска автомобилска марка – Alfa Romeo, а нам следнава ни изгледа најлогична и најреална…

Познатиот специјализиран магазин за автомобили од САД – Motor Trend деновиве објави свои, нови и навистина храбри идеи на оваа групација што чекори кон целосно фузирање со  PSA (Peugeot, Citroen и Opel).

Накусо компактниот модел Alfa Romeo Giulietta, иако се најавуваше дека се подготвува, сепак, се чини нема да добие наследник.

А, во Милано, се откажуваат и од супер спортскиот модел 8C и спортскиот GTV.

Кон крајот на наредната 2020 години би требало да пристигнат и подновените и освежени Giuliа и Stelviо, со корекција на единствената „просечна“ точка кај врвните премиум модели, а тоа е внатрешноста.

Таа сега би требала да биде по луксузна!

Од новините тука е новиот компактен SUV од Милано со име Tonale а се очекува и уште еден SUV со премиум спортски карактеристики.

Од ова може да се констатира дека веста што најмногу ќе ги погоди поклониците на марката од Милано е таа што горе ја спомнавме и се однесува на Giuliettа.

Покрај тоа се по веродостојни стануваат и тврдењата дека престижната марка  Maserati, многу бргу, за секој свој модел во гамата ќе претстави и негова електрифицирана верзија.

Покрај тоа големи се и можностите веќе наредната 2020 година да го дочекаме и долго најавуваното супер луксузно и супер елегантно спортско Coupe – моделот – Alfieri.

Доколку истиот се задржи во рамките на прикажаното на показната концепт верзија големи се шансите автомобилот да биде уште еден продажен хит на марката.

Но, да бидеме трпеливи и да почекаме да видиме во која насока ќе се движат работите.

Во секој случај вистинските вљубеници во Alfa Romeo и во Maserati ги стискаат палците и се надеваат на најдоброто, а ние им се приклучуваме на нивните очекувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа