Иднината на урбаниот превоз Karmic Oslo

Пазарот е преполн со електрични велосипеди и скутери, па навистина не е воопшто лесно да се најде примерок што се издвојува со своите карактеристики…

Компанијата Karmic верува дека ќе успее тоа да го стори со својот модел наречен Oslo и поради тоа, за таа цел, почнале со собирање на средства низ KickStart кампањата.

Во овој момент пред нив е долг и напорен пат, но тие веруваат дека ќе успеат да стасаат до целта.

Тоа што од Karmic  го ветуваат е електричен велосипед дизајниран така како што до сега не сме виделе.

Иако во Компанијата порачуваат дека тоа што го издвојува од останатите такви велосипеди е неговата брзина, безбедност и удобност.

Како што и стои во соопштението  нивниот електричен велосипед, Oslo ќе го „направи секое возење удобно“.

Батериите се менуваат за само неколку секунди, потоа седиштето е исклучително удобно, a под него е сместен и простор за одложување на багаж – за име на вистината, тој е доволен само за паметен телефон и паричник или несесер.

Во однос на перформансите од производителот наведуваат дека  максималната брзина на овој електричен велосипед би требало да изнесува околу 32 km/h.

Покрај тоа Oslo ќе има и шасија изработена од алуминиум со термо – пластична каросерија, интегрирани фарови и задни светла што се активираат при кочењето.

Автономијата на електричниот велосипед со едно полнење на батеријата изнесува околу 30 km, иако во компанијата велат дека интензивно работат на зголемувањето на истата.

Се во се, Oslo би требало да биде првиот електричен велосипед од таков вид, модерен, со исклучителен стилски изглед, згора на тоа безбеден, удобен и ефикасен.

Останува само да почекаме Компанијата да ги собере потребните средства за реализација на проектот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati Streetfighter V4 со повеќе од 200 КЅ

PGM V8 спортски мотоцикл со V8 мотор и 334 КЅ

Нова Triumph Rocket III линија

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!

MV Agusta Dragster 800 RR America