Развојот на платформата за мали електрични автомобили ќе овозможи директна замена на hatchback моделот Mercedes-Benz А Class, а тоа е дел од планот на германската компанија која вклучува електрични возила во секој сегмент до 2025 година…
Моментално најмалиот модел во семејството EQ е crossover на Mercedes-Benz EQA, електрична верзија на моделот GLA со конвенционален погон со кој ја дели платформата.
Тој е еден од четирите електрични автомобили во портфолиото на Mercedes –Benz со малку поголем EQB, SUV EQC и комбе EQV, кој користи изменета верзија на постоечката платформа дизајнирана за мотори со внатрешно согорување.
Благодарение на новата ММА платформа, Mercedes ќе може да му понуди вистински конкурент на моделот ID.3 на Volkswagen во форма на премиум hatchback кој ќе одговара на сегашниот внатрешен простор од А- Class, како и на ривалите кога станува збор за досегот со едно полнење на пакетот на батерии.
ММА платформата е првенствено наменета за електричните автомобили од овој сегмент, најмалиот во кој моментално е присутен Mercedes и ќе донесе промена во функционалноста и перформансите на почетните електрични модели.
EQ A-Class ќе има помала батерија во споредба со најголемите модели на споменатата платформа, сепак, со поголем фокус на намалување на тежината и подобрување на аеродинамиката, што значи дека досегот ќе биде повеќе од 425 километри колку што може сега да оди EQA.
Новиот автомобил ќе има попространа внатрешност поради тенката батерија и отсуството на централен гребен.
Исто така, поради тоа автомобилот би можел да биде поблиску до земјата, односно да има пониско тежиште и на тој начин да ја избегне карактеристиката на crossover.
Дополнително, тој ќе биде полуксузен во споредба со сегашните модели на Morcedes од почетното (воведно) ниво.