Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Најдобриот македонски автомобилист ги претстави своите планови за престојната тркачка сезона и притоа го промовира автомобилот со кој ќе атакува на италинаскиот ТСR шампионат….

Игор Стефановски-Иџе е најуспешниот и најтрофејниот автомобилисти во земјава, со тутули како што се двоен европски првак на ридски патеки, како и бројни трки и награди се потврда за неговиот одличен успех.

На вчерашната прес конференција одржана во Кореа Ауто Трејд, Иџе ги објави своите планови за престојната тркачка сезона и го потврди учеството на TRC кружниот шампионат во Италија, каде на на настапот во минатиот викенд ја освои четвртата позиција.

Што се однесува на домашното гостување, Иџе изјави дека ќе се појави на речиси сите трки во Македонија, каде како учесник позади управувачот ќе се најде на барем една, пред се во промотивни цели.

„Сигурно дека ќе бидам на трките во Македонија. Нормално, ќе бидам како промотор и ќе возам пред трките бидејќи сепак овој автомобил е премногу скап“, изјави Иџе.

Тој додаде дека доколку е во можност, има желба да настапува и на трката на Ушче во Белград, каде ќе бидат дел и некои од неговите TCR ривали.

Дополнително, Иџе изјави дека за прв пат оваа година, како дел од тимот на Стефановски ќе бидат и други возачи кои ќе се натпреваруват на домашното првенство, со што се потврдува сериозноста на тимот.

Инаку во зависност од видот на трките, Иџе оваа сезона ќе ја помине зад управувачот на Hyundai i30 N TCR, за кој ги изнесе подробностите опишувајќи го како врвен натпреварувачки автомобил,  како и веќе познатиот Seat Cupra SEQ, а ние му посакуваме уште многу победи и титули!.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP

На Стефановски му одземаа подиум со 25 секунди казна

Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!