Илон Маск и електрични автобуси на избришани „твитови“

Илон Маск спомна нов електричен автобус преку својот Tweeter, но веднаш потоа ja избриша објавата…

Тоа беше доволно за да се заинтересира Интернетот, и да започнат дискусии за новото возило на Тesla.

Boring Company  чиј основач и сопственик е повторно Маск, неодамна, аплицираше за продолжување на тунелот Loop на поголемиот дел од Лас Вегас, а веќе можеше да се слушне дека се планира новите возила на Teslа и патниците да бидат пренесени – превезувани според овој систем.

Во рендерите со кои се илустрира новиот проект се користат слики што покажуваат дека се планираат нови возила, а во твитот на Маск може да се прочита дека целиот проект всушност е „комплет возила на Tesla во тунели“.

Поентата е дека на илустрациите се прикажани возила со поголем број патници.

Така, веќе се шпекулира дека станува збор за нов електричен автобус, а Маск претходно објави на Tweeter  дека се планира електрификација на два вида возила: камиони и возила за превоз на поголем број патници.

Не е јасно зошто Маск го избриша твитот укажувајќи дека нè чека нов автобус на Tesla, па останува да видиме дали Loop ќе одговори на поголем интерес со зголемување на бројот на тунели, или поголеми возила што ќе можат да поврзат повеќе патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа

Нова Toyota Mirai пристигнува во декември