Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Во деловниот свет сè уште преовладува тенденцијата да се пресели бизнисот во Кина, а тука првиот човек на Tesla плива како „риба во вода“ па и покрај тензиите помеѓу Кина и САД, околу Тајван, овој Американец одлично се снаоѓа во „дилот“ со кинеските власти….

Teнденцијата на трансфер на производството во Кина е особено потенцирана во САД, бидејќи кинеските потрошувачи гравитираат кон американските производи и брендови, особено кога станува збор за спортски чевли и облека.

Истата „идеологија“ може да се примени и кога станува збор за кинескиот апетит за луксузни електрични автомобили. Како што знаеме, најнаселената земја во светот е најголемиот светски автомобилски пазар и во оваа смисла не смее да се занемари. Сепак, трошоците за увоз на нови автомобили во Кина се доста високи и се под влијание на геополитичките услови. Многу поисплатливо е да се произведуваат возила во Кина и да се скрати синџирот на снабдување. Да не зборуваме за користење на поевтина работна сила.

Илон Маск (Elon Musk) многу брзо сфатил дека Теslа мора да биде присутен во Кина со производствени капацитети доколку сака да ја исполни целта за продажба на неколку милиони автомобили годишно. Тексасската компанија ја изгради гигафабриката „Гига Шангај“ во близина на истоимениот кинески мегалополис на западниот брег на земјата. Во овој објект е сместен последниот дел за склопување на Tesla Model 3 и Tesla Model Y, кои се продаваат на домашниот пазар. Оваа фабрика, исто така, ја поддржува продажбата во Европа додека новата фабрика во Германија не го зголеми своето производство.

Разбивањето на теренот и производството на автомобили во странска земја е монументално достигнување за автомобилските компании, а тоа е уште повеќе кога станува збор за Кина. Имено, повеќето западни производители, вклучително и автомобилските гиганти како Volkswagen и General Motors, се принудени да формираат корпоративни партнерства со кинески субјекти како резултат на политиката на Пекинг.

На некој начин, Илон Маск ја заобиколи спорната политика, па Tesla стана една од ретките автомобилски компании кои работат како независни субјекти во Кина. Теslа исто така беше корисник на даночни кредити спонзорирани од државата, добивајќи евтина земја за „Гига Шангај“ и заеми со ниски камати, истакнува „Street“.

Преференцијалниот третман на Tesla често ја изложува компанијата на кинеските социјални медиуми, без оглед на природата на вестите, што значи дека постојано е во центарот на вниманието.

Можеме само да се запрашаме како Маск успеал да создаде ваква идеална ситуација за својата компанија, особено ако се има предвид временската рамка. Имено, договорот е постигнат за време на претседателствувањето на Трамп, кога односите меѓу САД и Кина беа прилично нестабилни. Некои шпекулираа дека владата сака да ја поттикне употребата на електрични автомобили во земја каде што многу градови имаат сериозен проблем со смогот. Има ли подобар начин да се направи тоа отколку да се намами американски производител на електрични автомобили од висок профил со лидер со подеднакво висок профил?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz