Иновативни метлички со две острици

Стартап фирмата ClearBlade, од Денвер, започнува со производство на бришачи за шофершајбни со две острици…

ClearBlade тврди дека овој бришач врши двојно чистење и многу подобро користи течности за миење на шофершајбната.

ClearBlade е сличен на Magic Vision Control, двоен бришач развиен од Mercedes-Benz и Valeo кој беше претставен пред неколку години на моделите на Mercedes.

Сепак, со една голема разлика. Сопственикот на Мercedes мора да вози со своето возило до изложбениот салон за сервисерите внимателно да ги отстранат и заменат метличките  на бришачите.

Таа посета на сервис, со „делови“ и работна рака, обично изнесува неколку стотици евра, пишуваат специјализираните портали.

Предноста на ClearBlade е што е поедноставна во дизајнот, така што сопствениците на возила можат сами да ја инсталираат, а целиот бришач чини од 13 до 26 евра.

Секторот за бришачи на шофершајбните не може да биде технолошки интересен како електричните возила, батерии, инфо-забави, но тој е важен дел од опремата и секоја иновација е добредојдена.

Претпоставуваме дека наскоро ќе ги видиме овие бришачи и на европскиот пазар.

Од повеќе  (поголем избор) глава не боли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии