Интригантно – Можно Peugeot 608 на FCA Maserati платформа

Не така одамна во автомобилските 1970-ти и 1980-ти беа одбележани со врвни лимузини, што во тоа време беа во зенитот на славата и популарноста на глобално рамниште…

Во тие времиња, Германците ги фаворизираа перформансите, Италијанците и Британците играле на картата на спортски настап и стил, a Французите нуделе неприкосновена удобност во возењето!.

Секако, веќе на „прва топка“ на памет ни доаѓаат моделите на Citroen, но исто така и на Peugeot, што и според бројни други карактеристики бил „трн во окото“ на лимузините од Германија.

Некој од нас се уште се сеќаваат (иако тогаш сме биле деца на пет шест години) на големите лимузина на Peugeot со погон на тркалата од задната оска, како што се моделите: 504, 605 и 505, што во исто време нуделе и стил но и моќ со V6 мотри.

Подоцна, со тек на време, се менувале и трендовите на глобалниот пазар на автомобили па така и  Peugeot со својата гама модели, a големите лимузини со погон на задни тркала и со спортски амбиции полека заминале во минатото како дел од славната историја на марката.

Најголемата лимузина денес во програмата на Peugeot e моделот 508 што во моментот има сила со капацитет до 200 KS што е во ред, но сепак во споредба со Германците...

Имено и не е некоја „фора“ еден од најатрактивните автомобили во класата, денес, на пример на еден BMW Serieѕ 3, може да му парира само до половина од гамата на овој Баварец.

Деновиве специјализираниот портал Autoevolution. com објави интересен рендер на „цртеж“ на Андреј Неделе што ја покажува својата визија на моделот 608, блескав голем Peugeot со погон на тркалата од задната оска.

Неговата нишка водилка била дека такво нешто во иднина би било можно е поттикната од неодамнешното спојување на автомобилските гиганти FCA и PSA во четврт по големина автомобилски концерн во светото каде можеби би имало место и за таков проект.

Ние би рекле дека се е можно, особено ако се знае дека италијанско американскиот џин во своето портфолио има доволно материјал за да им го позајми на Французите.

При тоа, пред се се мисли на платформата за возила со погон на тркалата на задната оска што инаку ги користат возилата на Maserati и на Alfa Romeo, поточно за нивните модели  Quattroporte, Ghibli и за Giulia.

Тоа, пак, би можело да му овозможи на Peugeot враќање на голема врата во светот на премиум лимузините  каде доминира германското тројство (Audi, BMW и Mercedes) особено на пазарите во Европа и Кина, a новиот Peugeot 608 би понудил примамлива комбинација како автомобил кој изгледа блескаво како впрочем сите нови модели на Peugeot, но што при тоа е направен врз платформа на спортски автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската полиција во флота добива и Suzuki Jimnу!

Maserati GranTurismo Zeda

Lexus  сопроизведен целосно електричниот модел за 10 дена во Кина

Кои се доверливи а кои треба да се избегнуваат, покажа TUV прегледот на 9 милиони возиламодели

Нови официјални скици на идната генерација на Kia Optima

Можно повторно заживување на Lotus Elan!

Јапонците направија супер спортски автомобил од цеулоза

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021

Индиска Mahindra 100 % сопственик на Peugeot Motorcycles