Исклучителни резултати на Kia во првите четири месеци од 2019 година!

Производителот од Кореја само во месец Март глобално продал  242.617 возила, a трендот на одлични продажни резултати  продолжи и во минатиот месец Април…

По повлечената црта се гледа дека Корејците можат да слават најдобар прв продажен квартал во историјата на марката.

Од корпорацијата Kia Motors јавуваат дека во март ширум светот продале 242.617 возила. Toа за малку повеќе одошто во истиот месец минатата 2018 година кога продале 242.608 возила.

Најпродаван модел, во Март, глобално, на Kiа бил спортскиот теренец  Sportage, кој е пласиран во 46.046 примероци.

Вон Јужна Кореја во Март, продажбата се зголемила за 2, 2 % во однос на минатата година (198.384 возила).

Продажбата на Sportage е зголемена за 14, 1% во однос на март 2018 година (43.373 возила.

Вториот најпродаван модел на марката е Rio (24.358 возила), a трет е модел K3 (Forte) со 17.475 продадени примероци.

Во Април голем интерес е регистриран за моделот – ProCeed!

Најстариот производител на автомобили во Јужна Кореја во првите четири месеци од годинава продал вкупно над  800.000 возила (во првите три месеци од 2019 година – 650.143 возила  што е 0,6 % повеќе одошто во истиот период 2018 година, кога продале 646.374 возила).

Во Kia Motors очекуваат понатамошен раст на продажбата, особено на пазарите во развој, бидејќи Kiа допрва ја очекува вистинска офанзива на новитети, a покрај тоа отсега регионалните централи ќе имаат поголема автономија за подобро да одговорат на трендовите на поедините пазари во согласност со желбите на странките.

Компанијата планира да ги засили своите напори за да прерасне во глобален лидер во производство на еколошки прифатливи возила, еден од тие процеси е и склучувањето на договор со хрватскиот производител на електрични супер автомобили – Rimac Automobili.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобилските „папараци“ го уловија новиот Hyundai Santa Cruz

Првиот Lexus целосно на електричен погон е Lexus UX300E

Новиот Lexus LC500 cabriolet за уште поубаво лето!

Серска изведба на Rimac C_Two под друго име во Женева 2020

Maserati GranTurismo Zeda

Зимска кампања на компанијата „Пнеуматик“ – Фати ја зимата навреме

Opel Vivaro-e доаѓа во 2020: Успешното LCV ќе се електрифицира

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021

Од Renault најавија европска верзија на City K-ZE