Производството на 30 планирани примероци на Bugatti Chiron Super Sport 300+ (неговиот 8,0 литарски W16 мотор развива 1161 kW/1578 КС) официјално заврши….
Ова е најновиот чекор за брендот да стави крај на целокупното производство на Chiron од 500 единици. Super Sport 300+ му оддава почит на возењето на Chiron од 490,484 km/h на патеката Ehra-Lessien.
Примероците со производствени спецификации, сепак, имаат ограничена максимална брзина од 440 km/h, иако има гласини дека Bugatti додал roll bar (заштитен кафез) и опционално го отстрани ограничувачот. Секој од нив 30, инаку, има почетна цена од „само“ 3,5 милиони евра.
Bugatti го најави Super Sport 300+ уште во септември 2019 година, а потоа компанијата покажа првична серија од осум автомобили во 2021 година. Моделот Chiron е веќе распродаден од јануари тековната 2022 година, така што Bugatti треба само да ги изгради овие автомобили за клиентите. Оваа година Bugatti очекува да испорача најмалку 80 возила.
Наследникот на Chiron наводно ќе дебитира во 2024 година. Новиот модел ќе продолжи да го користи моторот со внатрешно согорување, но и во голема мера ќе биде електрифициран.