Основачот и извршен директор на Tesla Motors, Илон Маск, потврди дека испораките на електричниот камион Tesla Semi ќе започнат на крајот на оваа година…
Потсетуваме, Tesla Semi беше претставен уште во 2017 година кога беше ветено дека компаниите ќе го добијат во 2019 година, но потоа ветувањето беше „поместено“ во 2020 година, а потоа повторно во 2021 година, за да ниту од тоа не испадне нешто.
Како и да е, се уште нема електрични камиони, а Илон Маск (Elon Musk) сега тврди дека првите испораки до клиентите се очекуваат до крајот на тековната 2022 година.
Дополнително, Маск најави дека испораките на електричниот пикап CyberTruck може да се очекуваат во теркот на претстојната 2023 година.
Кога станува збор за камионот Semi, Маск мисли на модел со автономија од 800 километри.
Прототипите на електричниот камион се видени на улиците, па дури и испорачани се и супер – полначи на Laguna Seca Raceway.
Мрежата Tesla Megacharger започна со четири единици во Gigafactory во Невада, каде што се произведуваат прототипови на Semi електричните камиони.
Исто така мега полначи се инсталирани и во објектот Frito Lay во Модесто, Калифорнија.
Сè уште има многу непознати за камионот Tesla Semi, а од компанијата првично соопштија дека верзијата со автономија од 800 километри ќе чини 180.000 американски долари, а верзијата Founders Edition ќе чини до 200.000 долари.
Се вели дека камионот може да забрза од 0 до 100 km за само 20 секунди и тоа при влечење товар тежок повеќе од 36 тони, благодарение на четирите посебни мотори на задните оски.
Сè уште не е познато која батерија ќе ја користи камионот, бидејќи неговиот дизајн беше замислен во времето на постарата батерија од 2170 kWh во споредба со денешниот стандарден 4680.