Истражување на J.D. Power –нови автомобили со кои сопствениците имаат најмногу проблеми

Среќата и тагата се дел од животниот циклус на повеќето луѓе, а така е и кај повеќето сопственици на автомобили, но во овој случај, наместо тага, зборовите лутина и бес се посоодветни. ..

Замислете, купувате ново возило и за неколку дена треба да го сервисирате ?! Ова е точно прашањето со кое J.D. Power со години се занимава на американскиот пазар и ја спроведува иницијалната студија за квалитет (Initial Quality Study).

Истражувањето се занимава со проблемите што сопствениците ги имаат со автомобилите во првите 90 дена од купувањето или преземањето.

Експерти одJ.D. Power контактирала со сопствениците на возила по телефон и годинава тие го прошириле бројот на прашања. Се следи се`: од квалитет, сигурност, искуство во возењето и услугата во салонот/сервисот – на сопствениците на возила им се поставени вкупно 223 прашања, а во последното истражување беа анкетирани 87.228 лица.

Сопствениците на автомобили имаат најмногу проблеми со информативно забавните системи, со најмногу забелешки за говорно бирање, Android / Auto и Apple CarPlay, бирање функции преку екраните чувствителни на допир, навигацијата и поврзувањето со Bluetooth – главно скоро сè што е поврзано со овој уред.

J.D. Power објавува статистика за бројот на проблеми на 100 возила (во првите 90 дена) и за 2020 година, Kia и Dodge се на прво место по однос на сигурноста, а потоа следат Chevrolet, RAM, Genesis, Mitsubishi, Buick, GMC, Volkswagen, Hyundai.

На дното се Jaguar, Mercedes-Benz, Volvo, Audi, Land Rover и „проблематичното дете”- Tesla .

 

Интересно е што производителот на електрични автомобили не сакал на  J.D. Power да му обезбеди (отстапи) податоци за клиентите во 35 земји, па самите истражувачи се обидоа да ги лоцираат и да ги именуваат.

Во првите 90 дена сопствениците на Teslа имаат дури 250 проблеми на 100 возила, а тоа е навистина лош резултат.

На списокот е прикажан редоследот на брендовите (број на проблеми на 100 возила) …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !