Isuzu Anadolu со награда за Аутомакедонија за најдобар дистрибутер

Аутомакедонија доби признание како најдобар дистрибутер на Isuzu Anadou со извонредниот настап на домашниот пазар и учество во пазарниот сегмент во земјава од дури 39 %!!!

На традиционалната годишна средба на дистрибутерите од целиот свет на ISUZU Anadolu којa се одржа од 13-15 Јануари 2020 година во Истанбул, на официјалниот претставник и генерален директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински, му беше врачена наградата : „Најдобри иновативни проекти во 2019 година“

Признанието на Аутомакедонија, како ексклузивен импортер, дистрибутер и сервисер на ISUZU за Македонија и беше врачено за одличните резултати во првата година од меѓусебната соработка и за испорачаните ниско – подни градски автобуси на компримиран природен гас (CNG) кои се вистински хит во регионот – поради еколошките перформанси и максималната заштита на животната средина.

Имено, Аутомакедонија, во нашата земја, во 2019 година со автобусите на ISUZU оствари маркет шер од фантастични 39%!

На средбата присуствуваа најзначајните лица во групацијата Anadolu Group, која покрај Isuzu во Турција е сопственик и на бизнисите со Efes Pilsen, McDonalds, Kia, супермаркетите Migros…

Mеѓу истакнатите говорници, дистрибутерите ги поздрави и претседателот на одборот Тунчаи Озилхан, кој го истакна одличните извозни резултати на Isuzu и првото место во Турција за што им се заблагодари на сите присутни во салата.

Останатите говорници меѓу кои и директорот на Isuzu Anadolu, г-дин Тугрул Арикан, ја презентираа визијата за брендот, новите очекувања и таргети и новите производи и технологии кои ќе бидат применети на автобусите на Isuzu.

Особено внимание кај присутните предизвикуваа новите решенија во сферата на алтернативен погон, пред се моделите на CNG како и најновиот автобус на електрична енергија – Novo Citi Volt.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek