Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Италија не се согласува со предлогот на Европската комисија, кој предвидува забрана за продажба на возила со погонски единици што како гориво користат дизел и бензин почнувајќи од 2035 година, што е дел од пакетот климатски реформи наречен „Fit for 55“…

Накратко, ова е суштината на изјавата на министерот за економски развој во Владата на Италија, Џанкарло Џорџети, што ја неодамна на седницата за одговарање на прашања во Претставничкиот дом.

„Италијанската влада смета дека е неопходно да и предложи на Европската комисија ревизија на пакетот со цел да се промовира варијанта на еколошка транзиција која ги зема предвид спецификите на италијанската автомобилска индустрија и сите социјални аспекти во овој поглед.  Тоа значи дека Италија не е подготвена да се откаже од конвенционалните автомобили во рок од 14 години.

Судејќи според изјавата на Џорџети, влијанието врз италијанската индустрија за снабдување би било непосакувано големо, а токму тоа е најздравата економска гранка во Италија. Тоа значи и дека битката за промоција на електричните автомобили целосно ќе се пресели во Брисел.

Позицијата што очигледно ја зазедоа италијанските функционери во никој случај не е изненадувачка, со оглед на тоа што првиот човек на Министерството за економски развој веќе јавно го соопшти ставот на владата во неодамнешниот разговор со новинарите на дневниот весник Corriere della Sera. Во изјавата министерот објаснил зошто Италија не се приклучи кон потпишувањето на пактот Cop26, кој, како и Fit for 55, што ја потврдува и промовира идејата за суспендирање на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година на развиените пазари, со дополнителна петгодишна толеранција во другите делови на светот.

„Мораме да заземеме технолошки понеутрален пристап“, рекол министерот, објаснувајќи дека „процесот на намалување на емисиите на јаглерод не смее да се поистоветува со електрификација“ и дека од таа причина „не можеме да отфрлиме други идеи кои водат кон истата цел. “, рекол Џорџети кој уште по експлицитно навел дека „истражувањето и развојот мора да се фокусираат на други нефосилни горива, што е област во која италијанските компании испумпуваат значителни финансиски ресурси”.

 

Министерот со полна уста изјави дека Германија ѝ се придружи на Италија во Глазгов, бидејќи, како што наведе, ги дели истите ставови со овде презентираните.

Конечно, ќе потсетиме дека минатата недела ја објавивме веста дека работниците во Италија се плашат од масовно губење на работни места поврзани со претстојната електрификација на автомобилската индустрија, а слична приказна до границите на вкусот драматизираше и првиот човек на Toyota  – Акио Тојода постојано размислувајќи како да го унапреди статусот на обичниот човек и работник во јапонскиот гигант…

Изјава со слична содржина потпишаа и Toyota, Mazda, Subaru, Yamaha и Kawasaki .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година