Италијанска премиера на Alfa Romeo Tonale на салонот во Милано

на 58 издание не Меѓународниот саем за мебел (Salone Internazionale del Mobile),меѓународната изложба во која се споени стил, дизајн, историја и култура, со акцент на трендови од минатото, сегашноста и иднината, се одржува во Милан од 9-ти до 14 април тековната 2019 година…

Сместен на саемот во Роу, Alfa Romeo го избра овој престижен настан за национална промоција на концептот Tonale, прв plug-in хибриден компактен SUV на оваа марка.

По светската премиера, во март, годинава во Женева, последниот новитет на Alfa Romeо  ги воодушеви посетителите на изложбата во Миланокоја се восхитува на моделот на Alfa Romeo на штандот во Зелената зона 5 на саемот, веднаш крај халата 7 пред Corso Italia.

Концептот Tonale ги има сите карактеристики на брендот Alfa Romeо: јазикот на убавината.

Тоа е градски компактен SUV со спортски карактер  со впечатлив дизајн со сите одлики на италијанскиот стил проектирани во иднината,истакнувајќи го совршениот микс на богатото наследство и исчекувањата од новите достигнувања.

Почитувајќи ја филозофијата на Alfa Romeo, секој детал е дизајниран за возачот, а ергономијата овозможува задоволство во возење, врвно управување и сето, во допир со електрификацијата на брендот Alfa Romeo.

Врвната технологија и легендарната динамика заедно во возењето создаваат нови можности и нудат видливи одговори за новите предизвици .

Дизајнот на Tonale e свртен кон иднината, а неговите компактни димензии ја потенцираат едноставноста на италијанскиот дизајн и типично оригиналниот и модерен Alfa Romeo стил што ја содржи суштината на италијанската уметност во форма на вон временско творечко искуство.

Моделот Tonale е инспириран од убавината и деталите на човечката форма како и со движењето на светлото што ги потенцира чистите линии и форми. Неколку прославени детали се избрани како дел од неговиот дизајн за да ја бидат видлива манифестација на историјата на брендот, a резултатот е модерниот пристап на Alfa Romeo анатомијата.

„Teledial” волан, на пример, e елемент што потсетува на традиционален Alfa Romeo DNK.

Дизајнот на 21-инчни фелни на Tonale потсетува на концепт на телефон со бројчаник на вртење преку лесна структура што произведува јасна и силна интерпретација на темата круг.

Тој стилски избор потекнува 1960-те, кога се појавил на легендарниот модел 33 Stradale.

Впечатливиот дизајн на тркалата на Tonale дополнително е засилен со хармонијата со гумите на Pirelliсо ексклузивна конфигурација.

Странично, полниот и елегантен волумен, типичен за автомобилите од само навидум далечни генерации и видови флертуваат со квалитетите што потсетуваат на фасцинантната форма на моделите Duetto или Disco Volante Spider, истовремен, „Linea GT“ Tonale дава ново значење на изразитиот став и чувството на сигурност што го донесува наградуваниот модел GT Junior.

Предниот крај доаѓа со препознатлива три аглеста рамка на решетката и карактеристичен Alfa Romeo знак како смели впечатливи детали, навестувајќи брзина и флуидност што го карактеризираат  Tonale.

За да го дополни дизајнот на предниот крај, тука е и легендарниот елемент  „3 плус 3“ група на светла што буди спомени на гордиот изглед на моделот SZ  и на Brera.

Задниот крај на Tonale е украсен и ублажен со врамениот заден прозорец а го надополнува покривот  со благо истурен опаш што се издвојува со складни црти со панорамскиот прозорец на покривот.

Како што е случајот со секој модел на Alfa Romeo, дизајнот на автомобилот доаѓа со лични – персонални детали.

Групата на задните светла потсетува повеќе на графичкиот знак одошто на оптички светлосен елемент, како своерачен потпис на уметник.

Дизајнот на ентериерот на моделот Tonale е инспириран од тркачката историја на марката Alfa Romeo, и зрачи со страст и одличен систем за управување во играта на динамичност и на моќни форми.

Tonale има кабина со смел дизајн што ги исполнува потребите на возачот, но и обезбедува удобност за патниците.

Неговиот стил е рамнотежа на хармонијата и напнатоста, создавајќи чувство како целиот автомобил е подготвен  веднаш да јурне.

Силните емоции што зрачат од ентериерот на моделот Tonale се засилени со контраст од премиум материјали, како студената постојаност на алуминиумот што се поврзува со мекоста на кожата и Alcantara материјалот.

Внатре се и прозрачните панели и централниот тунел осветлен од задната страна.

DNA режимот на возење, еден е од клучните елементи на брендот, што совршено се сместил на тунелот.

Внатрешноста на Tonale нуди детали вообичаено резервирани за ексклузивни пакети на опрема и даваат чувство на привилегираност.

Делот за патниците е импресивен, удобен и опремен со карактеристики на динамичност што автомобилските ентузијасти ќе го сенат.

На крајот посетителите на Salone del Mobile се воодуѓевени со врвната брендирана опрема, посебно со ограничената серија на хронографии „Quadrifoglio verde“ by Eberhard & Co., како и со новиот  Alfa Romeo Dolomiti e-MTB направен од Compagnia Ducale.

Производителот на часовници од Швајцарија што одсекогаш го споделува историски потврдениот фокус на брендот Alfa Romeo на револуционерна технологија и внинмателно изработените детали, го претстави на свој начин  легендарното лого што го носеа автомобилите на брендот со највисоки перформанси и со тоа го направија составен дел на софистициран рачен часовник.

Новиот Alfa Romeo Dolomiti e-MTB сигурно ќе ги импресионира посетителите, комбинирајќи мобилност на најмодерните велосипеди за возење по планини со почетната сила на електромоторот, наменет дури и за уживање во долги теренски возења.

Батеријата од 500 Wh потполно е скриена во рамката и гарантира висок степен на автономија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Уловен новиот Ferrari FXX K Evo