Италијанската полиција улови повеќе десетици автомобили украдени во Канада

Повеќе од 40 украдени автомобили се пронајдени во контејнери за испорака на рутата до дестинациите во Италија и Либија…

Станува збор за украдени автомобили во регионот Торонто во Канада, и кои пристигнале во Италија на пропатување до нивните крајни дестинации, тие во Либија и Турција.

Канадската гранична служба (CBSA), во соработка со италијанската полиција и единицата за финансиски криминал од Јорк (York), успеа да ја пронајде пратката и да ја пресретне пред да влезе на нелегалниот пазар.

Се започна со следење на сомнителниот извоз на Audi Q7 2018, што ги доведе и до други исто така луксузни автомобили.

BMW M6 Cabrio, Mercedes-AMG GLC 43 и голем број други автомобили пристигнаа во контејнери во Салерно и Тауро во Италија, од каде требаше да го продолжат своето патување кон Либија и Турција.

Станува збор за 30 автомобили запленети во Италија и 10 автомобили фатени на канадска почва.

Вредноста на запленувањето е околу 1,8 милиони долари.

Возилата ќе бидат вратени на нивните први сопственици откако ќе се провери потеклото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!