Italjet Dragster

Отсекогаш уживал статусот на футуристички скутер, а сега – Italjet Dragster, славниот модел од 90-тите години на минатиот век, се враќа во ново издание…

Производството на обновениот Dragster всушност беше најавено на почетокот на оваа 2020 година, но пандемијата на корона вирусот ги пролонгира плановите.

Сега веќе нема дилеми:

Производството на моделите Dragster 125 и Dragster 200 започнува оваа есен. И во двата случаи станува збор за едноцилиндричен  4-тактни мотор, со течно ладење.

Во послаба верзија која развива 15 КС и во посилна пет КС повеќе ( 20).

Italjet Dragster ги задржа своите карактеристични елементи – отворена тубуларна рамка и патентиран независен систем за управување (ISS) што ги филтрира нерамнините од патот, без да ги пренесува вибрации на управувачот.

Цената на новите модели сè уште не е објавена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Нов Peugeot Metropolis