Итар маркетиншки потег: Infiniti на верниот купувач му подарил Tesla Model3

Купувачот е секогаш во право и за неговата верност многу компании се подготвени да направат без малку се…

Така и Infiniti на купувачот кој безусловно сакал електричен автомобил му ја исполниле желбата на навистина необичен начин!

Застапникот на Infiniti во Квебек (Quebec) Канада гордо најавил испорака на Tesla Model 3 на својот верен купувач кој сакал да купи електричен автомобил од нив, но не можел да го стори тоа бидејќи таа марка засега неме електричен автомобил во својата понуда!.

Потсетуваме, Infiniti е луксузна марка на Nissan, еден од големите производители на автомобили што од поодамна во понудата имаат електрични автомобили, но сплетот на околностите довел до тоа Infiniti дури допрва на пазарот да треба да лансира својот целосно електричен автомобил.

Реално тоа е малку доцна бидејќи Infinitiсе натпреварува во премиум сегментот каде се: Audi, BMW, Mercedes-Benz, Jaguar, Tesla и …, a а кои од поодамна понудија електрични опции за нивните купувачи.

Како и да е Infiniti би требало конечно да го претстави својот прв целосно електричен автомобил дури во 2021 година.

Застапникот на Infiniti во Шербрук (Sherbrook), Квебек, морал да признае дека во понуда немаат електричен модел  кога Стив Лусие (Steve Lussier),градоначалник на Шербрук, инаку верен купувач на автомобили од оваа марка, посакал да купи електричен автомобил од нов.

На својата Facebook страница овој застапник на Infiniti објавил дека во меѓувреме пронашле „решение“ и дека на градоначалникот му испорачале i Teslа Model 3.

Дали Infiniti сака да каже дека наскоро ќе има електични модели популарни како моделот на Tesla или пак дека ќе бидат толку моќни па на своите реодвни муштерииза EV за купен автомобили ќе им подарат Model 3 или…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада