Изнајми наместо да купиш Land Rover и биди со впечатлив стил!

JLR je осмислил интересен начин дополнително да заработи, а на возачите да им овозможи да ја импресионираат средината

Во Лондон, В. Британија, JLR понудил навистина интересна услуга  – изнајмување на  Land Rover Discovery Sport.

Преку апликација, жителите на Лондон можат да го изнајмат овој престижен SUV, што ќе им биде довезен пред нивната врата.

 

За таа цел, подготвена е флота од  50 Land Rover Discovery Sport примероци, a основната идеја е на клиентите кои и воопшто немаат автомобил, да им се можност, преку викенд да се возат во луксузни автомобили, или, уште подобро, да се појават како гости на некоја свадба и да ги импресионираат присутните. Како што најавуваат од JLR, наскоро во флотата ќе се најдат и други модели на овој производител на престижни автомобили и тоа и од двете марки.

Колку и да изгледа дека станува бор за виц, вистина е’.

Всушност JLR не е прв кој го измислил таквиот тип на сервис, истото веќе го прават Mercedes, Volvo и Porsche, a целата идеја, од маркетиншки аспект, оди во повеќе насоки – да се најдат потенцијални купувачи што ќе се одлучат за купување возејќи модел од таа марка, ќе реализираат присуство на марката на улиците и ќе креираат имиџ така што возилото ќе се појавува на свечености, свадби и слични настани и манифестации и на крај, ќе заработат од тие кои всушност и не сакаат да купат автомобил.

А одлуката на JLR да овој сервис го понудат токму во Лондон не е случајна. Имено, малкумина знаат дека Англичаните кои живеат во престолнината на Обединетото кралство не сакаат да имаат автомобил, што е сосема разбирливо со оглед на сообраќајниот метеж, трошоците за такси за влез на автомобилот во град и проблемите со паркирањето.

Статистиката кажува дека Лондон „има“ најнизок проценст на сопственост врз автомобилите во Англија.

Дури 41% од домаќинствата во овој мегалополис немаат автомобил, додека во останатиот дел од Англија тој број изнесува двојно помалку, односно околу 20%  од домаќинствата немаат возило.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !