Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler

Одборот на италијанската агенција за кредитирање на извоз (SACE) одобри државни гаранции за покривање на 80% од банкарскиот заем од 6,3 милијарди евра на Fiat Chrysle изјави извор близок на ова прашање за четвртокот за Reuters…

Претходно оваа недела заемот беше одобрен од управниот одбор на најголемата банка за малопродажба во Италија, Intesa Sanpaolo, која ќе ги исплати парите по конечното зелено светло и условите за заем од Трезорот на Италија.

И Fiat Chrysler (FCA) и SACE одбија да ги коментираат овие информации.

FCA, претходно овој месец, потврди дека нејзината италијанска единица соработува со Рим и со Intesа за да добијат државни средства од 6,3 милијарди евра(седум милијарди американски долари), тригодишен финансиски пакет дизајниран да им помогне на операциите на Автомобилската група во земјата, но и индустријата како целина, да ја решат кризата предизвикана од пандемијата на  корона вирусот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили

Maserati Ghibli Hybrid со премиера на 16 јули