Jaguar F-Pace 300 Sport и Jaguar F-Pace Chequered Flag edition

За тековната моделска (2019) година Jaguar  ја освежи понудата на SUV моделот F-Pace, и тоа со две специјални едиции како и со нови елементи во опремата

Накусо, тука е Jaguar F-Pace 300 Sport со dark satin gray детали (рамките на стаклата, ретровизорите, предната масака…), сиви алуминиумски тркала од 22 инча, жолти клешти на клиповите на сопирачките со лого 300 Sport, посебни ознаки на предниот и задниот дел на возилото...

 

Одвнатре се издвојува по кожни седишта, со жолти шевови, како контраст, како и со  300 Sport лого на воланот и на потпирачите за глава на предните седишта

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу три бои на каросерија: Yulong White, Indus Silver и Santorini Black.

Како дел од стандардната опрема се и: Touch Pro навигација, со екран од 12.3-инча дигитална инструмент табла, панорамски покрив, седишта што електрично се подесуваат, со грејачи и  Meridian музичка линија.

Во понудата на мотори се: 2,0 литарски бензинец со моќ од 300KS/400 Nm и 3,0 литарски дизел со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, со моќност од 300KS/700 Nm, сите опремени со погон на сите четири тркала.

Вториот новитет во понудата – Jaguar F-Pace Chequered Flag edition, се базира врз актуелниот R-Sport модел, но кој добил и преден спортски браник, црни алуминиумски тркала со големина од  20 инча, како и црни елементи на предниот грил, страничните отвори за воздух и на носачите на покривот.

На купувачите на тој модел добиваат и панорамски покрив, кожа во ентериерот, детали од алуминиум, Chequered Flag ознаки, предни седишта што електронски се регулираат во 10 насоки, Meridian музичка линија, Touch Pro навигација, со дигитална инструмент табла со големина од 12.3-инча во дијагонала и Touch Pro информативно – забавен систем.

Бои на каросерија во кои може да се нарача се: Yulong White, Eiger Grey и Santorini Black.

Jaguar F-Pace Chequered Flag edition во Велика Британија е достапен со бензински мотор со работен волумен од 2,0 – литри, со четири цилиндри и моќност од 250KS и дизел мотори со ист работен волумен и два нивоа на моќ од 180KS и од 240KS (се разбира сите со погон на четири тркала).

Исто така, сите F-Pace модели во стандардното ниво на опрема имаат и Android Auto и Apple CarPlay.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508