Jaguar F-Pace доби свое освежување

Jaguar го претстави освежениот F-Pace модел за 2021 година кој пристигнува со неколку унапредувања, промени и проширен гама со нови помоќни и почисти агрегати….

Веднаш во очи, однапред, „паѓаат“ новиот сет на Full LED предни светла заедно со Double J Blade дневни светла, како што ги нарекуваат во Jaguar.

Новите светла ја врамуваат зголемената решетка и вклучуваат Standard High Beam Assist што користи предната камера.

Подновениот SUV на британската дива мачка се карактеризира и со мускулеста хауба и ревидирани странични отвори за вентилација.

Промените се забележливи и на задниот дел, каде што се истакнуваат новите светла со препознатлива графика. Редизајнот го зафатил и браникот и задната врата.

Внатрешноста на F-Pace е темелно унапреден со новиот 11,4-инчен заоблен стаклен HD екран на допир со магнезиумско куќиште при што го користи најновиот Pivi Pro информативно забавен систем на компанијата.

Системот поддржува Apple CarPlay и Android Auto, како и можност за конектирање на два телефони истовремено преку Bluetooth.

Плус на овој екран, сега се нуди и 12,3-инчниот HD Interactive Driver Display дигиталната инструмент табла а ги краси засилена графика и подесувачки изглед кој вклучува и 3D мапирање.

Пд промените внатре ќе ги спомнеме: новиот Drive Selector, меки и квалитетни материјали и новите алуминиумски акценти. Променета е и централната конзола, а и новите седишта со функции за греење и ладење и ново амбиентално осветлување.

Освежениот F-Pace доби и Active Road Noise Calcellation и Engine Noise Cancellation кои ги придушуваат звуците од патот и моторот.

Новина е и Electronic Vehicle Architecture на Jaguar кој овозможува и безжични софтверски унапредувања.

На европскиот пазар, Jaguar F-Pace ќе понуди поголем гама на мотори: P400e plug-in хибридната варијанта која произведува вкупно 404 КС од 2,0-литарскиот турбо бензински мотор и електромоторот од 105 kW. Ваквата комбинација  од 0 до 100 км/ч забрзува за околу пет секунди.

Тука е и 3,0-со шест цилиндри во линија бензинец со 400 КС.

Основниот модел се одликува со 2,0-литарски турбо бензинец со 250 КС.

Следуваат експлозивниот но ефикасен, со шест цилиндри турбо дизел мотор со 300 КС.

Послабата дизелска верзија е 2,0-литарски агрегат во две варијанти со 163 и 205 КС.

Сите мотори кои ќе бидат во понудата доаѓаат во комбинација со осум степен автоматски менувач кој моќноста ја испраќа на сите четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставен новиот Fiat Tipo Cross кој донесе и facelift на целата гама на Tipo

Специјална Lada 4×4 Black

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition