Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Со помош на напреден систем на вентилација се неутрализираат штетните напасници што се насекаде околу нас во кабината на автомобилот …

Користејќи ултра – виолетова светлина, Jaguar Land Rover најавува дека ќе го запре ширењето на бактериите и на штетните вируси, за елиминирање на респираторните заболувања…

Идните системи за вентилација ќе ги неутрализираат сите штетни организми што предизвикуваат инфекции.

Тоа треба да се постигне со користење на технологија на UV-C (ултра виолетово зрачење) што може да помогне во запирање на ширењето на настинка и на грип, a едновремено се намалува и преносот на главните предизвикувачи на болестите за до 30%.

Британскиот автомобилски гигант, Jaguar Land Rover во последно време истражува широк спектар на можности за придобивка (бенефит)  на возачите  и за патниците.

За своите постигнувања веќе добиле признание и од страна на медицинските служби.

Идните модели на овој производител на возила можат да помогнат во запирање на ширење на настинки и на грип, благодарение, пред се на иновациската технологија на ултра виолетовото светло (UV-C) што инаку е позајмена од медицинската индустрија, каде, инаку, се користи повеќе од седум децении.

Ни останува само да почекаме и да видиме кога тоа, навистина, британскиот производител ќе им го понуди на купувачите на неговите автомобили идните клима уреди што ќе ги запрат грипот и настинките!…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ZF со копилот засега само за отворен пат!

Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Mercedes-AMG од 2,0-литри ќе понуди 421 KS!?

Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!